Имавте лош секс? Еве што можете да научите од него…

Кога ќе искусите вистински лош секс, учите како да си обезбедите подобар. Кога имате многу добар секс и кога навистина уживате, ги подигнувате своите стандарди на ниво на своите капацитети и тогаш знаете колку се разликува лошиот секс од просечниот и колку најлошите искуства всушност се најодговорни за откривање на најдобрите.1. Просечниот секс не функционира
За вас тоа значи оргазам или два, ако успеете да ја погодите правилната стимулација и чувството дека не сте фрустрирани и може да се посветите на позабавните работи. Оние кои откако имаат секс, постојано им е одличен со секој партнер, веројатно се задоволуваат со просечноста. Не доживеале навистина лош секс, ниту навистина одличен секс кој дава фантастично чувство.
2. Нема да се прелажете со „мачка во торба“
Се обидувате со нов партнер, еднаш, двапати, петпати…десет. До десеттиот пат тремата би требало да биде совладана, а сексуалните навики и вештини или невештини да излезат на површина. Ако десет пати сте имале лош секс веројатно ќе сфатите дека не може да очекувате дваесеттиот пат да биде подобар, бидејќи повторувањето и трудот не водат никаде.
Партнерот свршува пребрзо, ја губи ерекцијата и не е заинтересиран да ви пружи задоволство на некој алтернативен начин. Во тој случај, не е во состојба да ви биде партнер. Каков е во креветот, таков е и во врската. Сексот навистина го разоткрива човекот и оној кој е лош во креветот, не може да биде многу подобар ниту во другите заеднички интереси.
3. Кога ќе откриете што не сакате, ќе дознаете и што сакате
Некои допири се едноставно неподносливи, некои грешки не се простуваат, некои постапки се тотално одбивни. Кога ќе се почувствувате лошо додека некој ве стиска, штипе, гребе како да се обидува да ви ја извади кожата, да се однесува грубо и насилно, без разлика што тоа го прави преку „страстен“ бакнеж или интензивен секс, не ви преостанува ништо друго, туку да почекате да заврши и вие да завршите со него засекогаш. После тоа сигурно ќе знаете што не би толерирале никако во сексот.

4. Научете да го барате она што ви треба
Следен пат кога ќе почне некој да ве допира на погрешен начин, фатете му ја раката и покажете му што точно значи нежно и добро за вас. Кога ќе се заборави со пенетрацијата, одвијте го и инсистирајте да смените поза која повеќе ви одговара. Вие диктирајте го темпото. Ако во ниеден случај не разбира, прекинете го сексот и заминете.

5. Ќе стекнете огромна самодоверба
После лошиот секс кој вас ве научил како да препознаете „мачка во торба“, границите на толеранција за неспособниот партнер кој не може да ви пружи задоволство, дури ни на ниво на просечност, подготвени сте да го барате она што го сакате и да му покажете како тоа да го направи за да ви го овозможи најдобриот секс без премногу напор, бидејќи потребен е само природен талент. Некои мажи се лоши љубовници и лоши партнери, некои се просечни и подносливи, а некои се одлични и посакувани. Кога ќе го препознаете последниот тип, веќе немате причина да се обидувате да постигнете нешто со останатите.1. Просечниот секс не функционира
За вас тоа значи оргазам или два, ако успеете да ја погодите правилната стимулација и чу

Пронајдете не на следниве мрежи: