четврток, 12 ноември 2026
Најново

Името на Македонија дел од бугарско-грчки разговори во Солун

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија била една од темите за кои денеска во Солун разговарале бугарската потпретседателка Илијана Јотова и грчката заменичка министерка за Македонија и Тракија Марија Колиас Царуха, јави БТА.- Се надеваме на позитивно решение кое не ја засега нашата историја, изјавила по средбата Колиас Царуха.
Како што пренесува МИА, Јотова, од своја страна, изразила уверување дека во 2018 година ова прашање ќе се реши со прифатлив компромис за сите земји во регионот.
Двете функционерки разговарале за многу прашања меѓу кои и за претстојното претседателство на Бугарија со Европската унија.
– Имаме амбиција 15 години подоцна да го продолжиме Солунскиот процес. За шесте месеци на бугарското претседателство со Советот на ЕУ вниманието на цела Европа ќе биде насочено кон Балканот. Една од нашите задачи е да ги надминеме стереотипите, дека овој дел на Европа е послабо развиен, истакна Јотова.
Таа додаде дека помошта на Грција во подготовката на бугарското претседателство е многу важна.
– Ќе сметаме на вас и во наредните шест месеци, подвлече Јотова.
На состанокот станало збор и за мигранстаката криза, Договорот од Даблин, билатералните проекти меѓу двете земји, како и прекуграничните иницијативи финансирани од европските институции.- Се надеваме на позитивно решение кое не ја засега нашата историја, изјавила по средбата Колиас Царуха.
Како што пренесува МИА, Јотова, од

Поврзани вести