Имплементиран регионалниот проект Претприемничко учење во Македонија

КултурКонтакт Австрија, во соработка со Министерството за образование и наука и Македонскиот Центар за стручно образование и обука, го имплементираше регионалниот проект Претприемничко учење во Македонија.Основна цел проектот е Зголемување на квалитетот на наставата по претприемништво во стручното образование. Проектот се реализраше во период 2014 – 2017 година, а земји партнери во проектот беа Македонија, Албанија и Косово. Унапредувањето на претприемништвото како мотор за економскиот развој, но и како клучна компетенција претставува приоритет за развој во ЕУ и надвор од неа. Во овој контекст, образованието игра клучна улога. За успешното унапредување на наставата по претприемништво потребни се нови пристапи и услови во наставата и учењето и ново партнерство со стопанството.
РЕЗУЛТАТИ

17 мултипликатори од Албанија (6), Косово (5) и Македонија (6) беа обучени како обучувачи за Учење претприемништво
Беше изготвена програма за обуки и околу 250 наставници од повеќе од 130 училишта добија обука за примена на иновативни методи во наставата по претприемништво
Иновативен сет алатки за учење претприемништво е изготвен на албански и на македонски јазик – во печатена и во електронска верзија
Наставниците добија упатства за воспоставување партнерства со стопанството

ПРЕПОРАКИ

Регионален пристап: учење од колеги, размена на искуства
Поголем интерес и учество на учениците
Нова средина во училницата / Промена на улогите и односите меѓу наставникот и учениците
Потребна флексибилност на наставните планови
Новата култура на учење и подучување треба да биде поддржана од раководствата на училиштата
Обука за инструменти за оценување

Проектот беше спроведен од KulturKontakt Austria во соработка со Министерството за социјална заштита и млади, Националната агенција за стручно образование, обука и квалификации (Албанија); Министерството за образование, наука и технологија (Косово); Министерството за образование и наука и македонскиот Центар за стручно образование и обука (Македонија), додека техчнички партнер беше Волонтерски сервис Скопје.Основна цел проектот е Зголемување на квалитетот на наставата по претприемништво во стручното образование. Проектот се реализраше во период 2014 &n

Пронајдете не на следниве мрежи: