Авион на компанијата ,,Алиталија,, Ербас А-320 со 151 патник и петчлен екипаж синоќа доживеа инцидент за време на слетување на аеродромот Фиумичино во Рим.Поради дефект на десното тркало авионот требало да се приземји на едната страна. Пилотот успеал да го запре авионот пред да излета од пистата, јавија италијански медиуми.
Авионот неколкупати се обидувал да слета во услови на силна бура.
Подоцна било одлучено пистата да биде покриена со пена за да се олесни слетувањето без едно тркало.
Во операцијата учествувале и тимови на противпожарната служба.
Националната агенција за безбедност во авионскиот сообраќај врши истрага за причините за несреќата.Поради дефект на десното тркало авионот требало да се приземји на едната страна. Пилотот успеал да го запре авионот пред да излета од пистата, јави