ИНЦИДЕНТ: Срамно однесување на симпатизерите на СДСМ, пред очите на редарите!

ТВ Нова е згрозена од однесувањето на повеќемина членови и симпатизери на СДСМ, кои во два наврати за време на синоќешниот митинг на партијата пред Владата се обидоа прво да ја попречат, а потоа и да навредуваат екипата на Телевизијата, која на професионален начин известуваше за настанот.Особено ужаснува фактот што цел на нападите беше новинарка, а инцидентите се случуваа пред очите на редарите, кои наместо да ги спречат хулиганите, им се придружија.
Првиот инцидент се случи непосредно пред вклучувањето во живо во 19 часот, кога неколкумина од редарите на митингот штом забележаа дека тимот на ТВ Нова се подготвува за вклучување во Вестите, запалија факели на непристојна дистанца до нашата репортерка. На таков начин, не само што таа беше оневозможена да ја изврши својата професионална задача, туку и на непосреден начин и беше загрозена сигурноста и безбедноста.
Вториот инцидент се случи еден час подоцна, по завршувањето на митингот, за време на вклучувањето во живо во 20 часот, кога и покрај јавните апели на ТВ Нова, група симпатизери откако се маскираа, се уфрлија пред камерите и со викотници се обидоа да ја попречат работата на нашиот тим.
Треба да се потенцира дека овој упад не го направија малолетници или помлади лица, па ваквото однесување да се препише евентуално на незрелоста, туку возрасни лица, што упатува на добро планирано сценарио.
И овој втор индидент, се одвиваше пред очите на десетина редари. Но тоа, како да не беше доволно, па тие по јавувањето и пристапија на новинарката и почнаа вербално да ја напаѓаат само поради начинот на кој тие го доживуваат медиумот.
Телевизија Нова е шокирана од синоќените случувања, особено што доаѓаат од партија која наводно се декларира за „слобода“ и „демократија“. Уште еднаш апелираме до СДСМ, кога веќе нема храброст да дојде на интервјуа и дебати во ТВ Нова, да се однесува достоинствено и да овозможи непречна работа на нашите екипи, кои и покрај сите навреди и клевети, професионлано известуваат за сите нивни активности пред и за време на кампањата.Особено ужаснува фактот што цел на нападите беше новинарка, а инцидентите се случуваа пред очите на редарите, кои наместо да ги спречат хулиганите,

Пронајдете не на следниве мрежи: