Инцидент во подрачната единица на Mинистерство за труд и социјална политика во Гевгелија

Вчера,во просториите на подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика во Гевгелија, министерката Мила Царовска имала средба со вработените.-Во еден момент, пред очите на сите присутни, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на недоличен начин и се обратила на Ангелина Петкова, која вооедно е и кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори. Со закана дека „ќе и процесира кривична пријава“ ги предупредила и останатите вработени кои се вклучени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, иако од нивна страна и било потенцирано дека надвор од работното време демократско право има секој во своето политичко делување, пишува порталот gvglive.mk.
Порталот пишува дека од таму, Царовска заедно со носителот на листата на СДСМ Ташко Дојчинов се упатила во бараките на ул, Ристо Бојманлиев , каде има најголем број на корисници на социјална помош. И таму министерката се заканувала на граѓаните доколку на локалните избори не го дадат гласот за кандидатот на СДСМ, наводно ќе биде укината нивната социјална помош.-Во еден момент, пред очите на сите присутни, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на недоличен начин и се обратила на Ангелина

Пронајдете не на следниве мрежи: