Некој „многу паметен“ во УЕФА одлучил натпреварот од европскиот Супекуп помеѓу Реал мадрид и Манчестер Јунајтед да се игра во Скопје, и тоа на 8-ми август, со почеток од 20:45 часот, пишува хрватскиот портал „Индекс“ во пресрет на утрешниот меч.Според порталот, одлуката Суперкупот да се игра во Скопје во текот на летната жега е „доказ за елементарна неукост и лошо планирање“.
-Дури и најповршните познавачи на климатските прилики знаат дека Македонија во оваа доба од годината е пекол на земјата. Инаку прекрасна земја, која во текот на летотo паметно е да се избегне, пишува Индекс.хр.
Според порталот, тоа се покажало и денеска, кога температурата во Скопје изнесувала 40 степени, додека за време на одигрувањето нa натпреварот се очекуваат 35 степени, без оглед на тоа што се игра во вечерен термин.Според порталот, одлуката Суперкупот да се игра во Скопје во текот на летната жега е „доказ за елементарна неукост и лошо планирање“.