Индиец си ја запалил сопругата за да не открие дека е геј!?

Џасвир Џиндај (29), ја убил својата сопруга Варках Рани, а потоа го запалил нејзиното тело во печка за палење на отпадоци само затоа што му се заканила дека ќе ја разоткрие неговата вистинска сексуална ориентација.Џасвир Џиндај (29), кој живее и работи како банкар во Велика Британија ја задавил својата сопруга со црево од правосмукалка и потоа ја фрлил во печка за палење на отпадоци.
Рани веќе некое време се сомневала во него, а подоцна се уверила која е неговата сексуална ориентација кога пронашла компромитирачки фотографии од него и еден непознат маж во неговиот мобилен телефон.
Џасвир им кажувал на семејството и пријателите како несреќната Рани го напуштила, а потоа отишол во полиција и го пријавил нејзиното исчезнување.
Камерите го снимиле како на денот на убиството полни пластичен канистер со бензин, а на соседите им рекол дека спалува отпадоци во заедничката печка во задниот дел од дворот.

 
Два дена подоцна, полицијата пронајде изгорен женски леш во печката, а во контејнерот во близина на куќата беше пронајден изгорен душек со кој Џиндај го пренел телото.
Џасвир изјави дека сопругата физички го нападнала и дека пробала да избега од дома, бидејќи сакала да избега со нивната заштеда.
Со помош на судско вештачење е утврдено дека гребнатините на неговото лице настанале додека несреќната жена очајнички се борела за живот.
Таа беше сама во непозната земја, во која со лаги беше одведена. Беше во ранлива положба и потполно зависна од сопругот кој ја лажел во врска со својата сексуална ориентираност.
Судот му додели казна за доживотен затвор, без право на помилување.Џасвир Џиндај (29), кој живее и работи како банкар во Велика Британија ја задавил својата сопруга со црево од правосмукалка и потоа ја фрлил во печ

Пронајдете не на следниве мрежи: