Индијанска приказна која ја открива ТАЈНАТА НА ВЕЧНАТА ЉУБОВ

Двајца млади индијанци еден ден се упатиле до поглавицата на племето и одлучно му рекле: „Ние се сакаме! Сакаме да ни дадеш благослов и да не поучиш што треба да правиме за нашата љубов да трае вечно.“

„Добро“, одговорил поглавицата, „Ќе ви кажам што треба да направите. Пред да дојдете со мене во планината, најдете два орла и понесете ги со себе, а потоа ќе видиме што понатаму.“
Вљубените тргнале во различни правци и по кратко време секој од нив донел по еден орел. Како стигнале до врвот на планината, поглавицата им рекол:

„Земете го сега ова јаже и заврзете ги краевите на една нога од секој орел.“
Тие го послушале.
„Сега пуштете ги да летаат!“ рекол поглавицата.

Младенците ги фрлиле орлите кон небото, но тие не можеле да полетаат бидејќи нозете им биле меѓусебно врзани. Паднале на земја и почнале да клукаат еден со друг, во обид да се ослободат. Тогаш стариот индијанец рекол:

„Сега пресечете го јажето!“
Младенците ја извршиле и таа наредба, го пресекле јажето и повторно ги фрлиле орлите кон небото. Овој пат тие се издигнале во височините.
Тогаш поглавицата рекол:
„Ете, тоа е тајната на вечна љубов и среќа, ако луѓето се заврзани еден за друг, никогаш нема да успеат да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно, но да не бидете врзани. Така ќе ја спознаете вистинската љубов и мир.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.