Индијански хороскоп: Дознајте која карактеристика и која е вашата судбина!

Индијанците важат за големи претскажувачи на судбината, а имаат и своја карактеристична астрологија. Волк, змија или гуска…. Дознајте што сте вие, кои се вашите карактеристики и која е вашата судбина?Сокол (Овен) 21.03 – 19.04
Карактеристика: динамичност
Соколот е нескротлив. Тој симболизира слобода и независност. Луѓето родени во овој знак се секогаш спремни за акција гладни се за авантура. Често пати се иницијатори за некое случување и умеат да ги водат другите, но од време на време се премногу импулсивни. Тежнеат да се издвојат од групата и да го задржат својот изразен идентитет.
Дабар (Бик) 20.04 – 20.05
Карактеристика: доследност
Заради својата потреба за сигурност, дабарот е симбол на лежерност и комфор. Сака да поседува вредни предмети, тоа го смирува. Дабарите се упорни, стабилни и издржливи. Познати се по тоа што знаат да чекаат цела вечност додека нешто не добијат.
Елен (Близнаци) 21.05 – 20.06
Карактеристика: сила
Елените се немирни и неуморни, па личностите родени во овој знак даваат впечаток на многу интелигентни и секогаш се надеваат дека можат да го променат светот со своите постапки. Имаат огромна волја и широка душа. Креативни се и интуитивни.
Клукајдрвец (Рак) 21.06 – 21.07
Карактеристика: чувствителност
Лицата родени во овој знак постојано се во потрага по сигурност и заштита и се грижат за своите изразени емоции и пречувствителност. Го сакаат својот дом и семејството. Имаат бујна фантазија и страдаат од нагли промени во расположението. Животна цел им е да живеат вo хармонија со околината.
Лосос (Лав) 22.07 – 21.08
Карактеристика: самодоверба
Вродената внатрешна сила и страст на родените во овој знак им дава моќ успешно да ги совладуваат сите препреки во животот и при тоа да останат достоинствени. Горди се, спонтани и одлучни. Храбри, амбициозни и желни за успех. Одлични лидери. Постојано ја бараат смислата на животот и сакаат да доминираат.
Мечка (Девица) 22.08 – 21.09
Карактеристика: практичност
Кафените мечки се срамежливи и нежни суштества. Луѓето родени во овој знак најдобро се чувствуваат во организирана средина и опкружување кое е предвидливо и над кое можат да имаат контрола. Дискретни се, имаат смисла за детали и често се перфекционисти. Толеранцијата и оптимизмот се нивни слаби страни, на кои треба да поработат.

Гавран (Вага) 22.09 – 22.10
Карактеристика: дипломатија
Луѓето родени во знакот на гавран поседуваат голема сила, која им овозможува да се носат со сè. Брзо се социјализираат, шармантни се и пријателски настроени, па ретко кога се сами. Интелигентни се, паметни и мистериозни. Тие се идеалисти кои тежнеат кон хармонија и заедница, а слаба точка им е што се несигурни и недоследни.
Змија (Скорпија) 23.10 – 22.11
Карактеристика: опстанок
Во многу култури, змијата е симбол на почитување бидејќи се смета дека е заштитничка на многу животни мистерии. Лицата родени во овој знак имаат добра способност за расудување и интуиција и се стручни за анализа на човечката душа. Реални се и знаат да се контролираат.
Був (Стрелец) 23.11 – 21.12
Карактеристика: мудрост
Во старите култури бувот симболизира мудрост и знаење. Лицата родени во овој знак ги карактеризира спонтаност, ентузијазам и идеализам. Тие се секогаш чекор пред времето, гледаат во иднината и желни се за духовно знаење. Љубопитни се, дарежливи и им веруваат на луѓето.

Гуска (Јарец) 22.12 – 19.01
Карактеристика: Упорност
Лицата родени во знакот на гуска имаат изразено чувство за натпреварување и упорност. Обично имаат големи животни планови и полека, но сигурно ги остваруваат. Тие се оние кои секогаш стигнуваат далеку. Нивното мото е: „Тивка вода, брег рони“. Внимателни се, независни и добро се прилагодуваат на новите ситуации. За оние кои им значат, спремни се да загинат.
Видра (Водолија) 20.01 – 18.02
Карактеристика: креативност
Видрите се весели животинки, па лицата со овој знак ги карактеризира интелектуална стимулација, слобода на духот и креативност. Имаат изразени вербални способности. Заради високо поставените идеали од другите, секогаш бараат повеќе од она што тие можат да им дадат. Пред сè, ја бараат вистината.
Волк (Риби) 19.02 – 20.03
Карактеристика: лојалност
Иако се чини дека волкот е многу моќно животно, тој е исто така и плашлив и чувствителен. Луѓето родени во овој знак се емпатични кон другите и крајно предадени. Главна цел во животот им е да пронајдат и задржат вистинска љубов.Сокол (Овен) 21.03 – 19.04
Карактеристика: динамичност
Соколот е нескротлив. Тој симбо

Пронајдете не на следниве мрежи: