Индијка се омажила за куче за да се спаси од зли духови

Мангли Мунда (18), од зафрлено село во источната држава Џарканд, склучила брак со куче-скитник на гламурозна церемонија во присуство на 70 најблиски и пријатели, со цел да се спаси од зли духови, пренесоа странските медиуми.Свадбата е организирана по советот на селските старешини, откако локалниот гуру им рекол на родителите на девојката дека таа е опседната од лош дух и дека ако се омажи за човек, последиците за селото ќе бидат катастрофални.
Младата невеста не крие дека воопшто не е среќна што се омажила за куче, но таа го има направено тоа со надеж дека во иднина ќе има повеќе среќа. Таткото на невестата, Сри Амнмунда, е среќен што неговата ќерка се омажила и дури лично го избрал привилегираното куче.
Според селските обичаи, Мангли Мунда ќе може да се омажи за човек во подоцнежна фаза од животот, без да и` се наметнува да се разведе од четириножниот сопруг.Свадбата е организирана по советот на селските старешини, откако локалниот гуру им рекол на родителите на девојката дека таа е опседната од лош дух

Пронајдете не на следниве мрежи: