Годишната инфлација во еврозоната во јануари се намали на два отсто, процени во петокот европскиот завод за статистика Eurostat.
Со тоа растот на потрошувачките цени во 17-члената еврозона успори на годишно ниво, со оглед дека инфлацијата во декември изнесуваше 2,2 отсто.Пад на стапката на инфлацијата во најголем дел произлегува од значителното забавување на растот на цените на енергенсите, на 3,9 отсто, од 5,2 отсто, колку што изнесуваше во декември.Растот на цените на храната, алкохолните пијалаци и тутунските производи изнесуваше 3,2 отсто на годишно ниво, идентично како и во претходниот месец, покажуваат првичните проценки на Eurostat.Цените на услугите во јануари се зголемиле за 1,7 отсто, наспроти 1,8 отсто во декември, а растот на цените на индустриските производи, без енеренсите, е забавен на 0,8 отсто, од еден отсто во декември.Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во јануари се движеше близу целната инфлација на Европската централна банка од „близу два отсто“.
Макфакс
Годишната инфлација во еврозоната во јануари се намали на два отсто, процени во петокот европскиот завод за ста