Инфомакс: Ова се судиите кои тргнаа против Панчевски

Хајката која се организираше во Основниот Суд Скопје 1 против претседателот на судот Владимир Панчевски кој важи за еден од поуспешните раководители на овој суд со илијадници завршени постаки, кои неговите претходници ги криеле во фиоки, е всушност организиран атак врз независносто судство поттикнато од некои надворешни фактори и политичко-криминални структури, пишува порталот Инфомакс.На петицијата со која се бара од утврдување на одговорност од Панчевски за непозната материја, се потпишани судии кои на своето „портфолио“ може да се пофала со неколку дисциплински постапки против нив поради несовесно и неодговорно работење, но и поради злоупотреба на судските капацитети, стои во текстот на порталот.
На петицијата се потпишани следните судии:
-Илија Трпков – надлежен судија во случајот „Ровер“ во кој меѓу обвинетите за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев е осомничен и екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски како нарачател на убиството. Случајот поради пропусти на судијата (намерни или не е непознато) е неколкупати вратен на повторно одлучување. Истиот е близок до судијката Лидија Неделкова како стручен соработник додека таа беше претседател на Кривичниот суд
-Александра Ристеска – против судијката е поведена дисциплинска постапка пред Советот за незаконско постапување. Истата е една од трите судијки кои одбија да учествуваат при одлучувањето за издвојување на незаконски прибавените снимени материјали како незаконски докази. Нејзиниот сопруг е Гоце Ристески, инаку близок со Бојан Ефтимов поранешен член на Судскиот совет и судија во кривичен суд до пензионирање, а сега член на партијата на Павле Трајанов
-Марија Клетничка – во судските кулоари се зборува за некаква врска со Иван Џолев. Истата го злоупотребувала судскиот доставувач во приватни цели за доставување на претставката во Судскиот совет и советот за факти
-Ѓоко Ристов – противкандидат на Панчевски во претходниот избор за претседател на Основниот Суд, инаку близок пријател и соработник со Лидија Неделкова и Туфегиќ
-Весна Димошкова – судија која ги издаде наредбите за упад во УБК од страна на Катица Јанева каде што постоеше опасност за вооружено преземање на институцијата која се грижи за националната безбедност. Познато е дека истата е во блиски контакти со Амбасадата на САД, најверојатно со Кристина Каранакова која служи како човек за врски на Бејли кога станува збор за вршење притисоци во правосудниот систем
-Огнен Ставрев – син на Драгољуб Ставрев истакнат член на Комунистичката партија, инаку во јавноста се шпекулира дека има проблеми со алхохолот
-Џенета Бектовиќ – судија која го суди предметот за Мирослав Шиповиќ за криминалот во „Машинопромет“ и сеуште не може да го пресуди
-Васка Масевска – втора братучетка на Иван Џоле и внука на Виолета Дума од ДИК
-Дарко Тодоровски – судија против кој се водат дисциплински постапки во Советот, и син на последниот секретар на Собранието на Р.Македонија во еднопартискиот систем
-Седат Реџепагиќ – судијата кој не определи притвор за Зоран Заев во предметот „Глобал“. Инаку познат како шеф на истрага кој по нарачка на СДСМ ги спроведувал истрагите против политичките неистомисленици. Инаку омилен судија на Заев.
-Васил Динковски – исто така на дисциплинска постапка од Советот
Зад целата оваа хајка најеројатно стојат судијката Неделкова и Иван Џолев, пишува Инфомакс. За истите постојат шпекулации кои кружат низ судските лавирините дека токму Неделкова го спасувала Џолев во еден случај кога од неговиот автомобил биле украдени одредени предмети.  Она што е специфично во овој случај е дека кражбата била изведена додека неговото возило било паркирано пред еден мотел во внатрешноста на Р.Македонија, инаку познат како собиралиште на „љубовџии“.
Тоа е пара-судската багра која има за цел, а по налог на одредени надворешни фактори – политички и странски – да предизвика хаос во судството, да го клекне на колена за потоа да може да се врши пуч одвнатре.
Извор: ИнфомаксНа петицијата со која се бара од утврдување на одговорност од Панчевски за непозната материја, се потпишани судии кои на своето „портфолио&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: