На 16.11.2024 во 04.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип настанал пожар во паркирано патничко возило „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(55) од Штип.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.
Пронајдете не на следниве мрежи: