INFOMAX.MK

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ги пробуди жителите од западна Македонија. Епицентарот е во близина на Центар Жупа недалеку од македонско-албанската граница.

Според првичните информации, епицентарот е на 10 километри длабочина.

Се очекуваат повеќе информации да соопшти сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Земјотресот е регистриран во 01 часот и 50 минути.

Викендот и денеска на дел од грчките острови беше регистрирана значителна сеизмичка активност.

Пронајдете не на следниве мрежи: