Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот и 30 минути во областа на централна Турција.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина помала од еден километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.