Поради големиот интерес на јавноста за работењето на Канцеларијата во Брисел на Град Скопје и ЗЕЛС, а во насока на точното информирање и транспарентноста во работењето, Градот Скопје смета дека треба да даде одредено дообјаснување во насока на досегашното работење на оваа канцеларија и трошоците на истата.Основната цел на Канцеларијата во Брисел е обезбедување на модерната функција на лобирање за обезбедување финансиски средства за реализација на проектите на Град Скопје (и другите општини во Република Македонија) од соодветните европски фондови, а воедно и презентирање на истите како партнер на преостанатите градови и општини од ЕУ за финансирање заеднички проекти од европските фондови. Во таа смисла, активностите на Канцеларијата се насочени кон дистрибуција на информации, изнаоѓање партнери за проекти и следење на политиките и регулативите кои се донесуваат на ниво на ЕУ, но исто така, и обезбедување влијание во нивното креирање.
До 31 декември 2013 година месечно за работата на канцеларијата од буџетот на Град Скопје се издвојуваа околу 2.500,00 евра за плата и покривање на канцелариски простор и канцелариски трошоци, а од јануари 2014 година трошок е намален на 1.100,00 евра месечно, а канцеларијата своите активности ги продолжи во рамки на амбасадата на Република Македонија во Брисел. Овие суми се значително пониски од оние што се споменати во дел од медиумите, каде што се шпекулираше со суми во висина од 7.000 евра месечно.
Со отворање на Канцеларијата Градот Скопје ги почна поинтензивните вмрежувања со други градови од Европа и од регионот. Воспоставени се контакти за можно претставувања на Градот и аплицирање на европските програми отворени за земјите со кандидатски статус. Активно учество на годишната манифестација Отворени денови на регионите и градовите во Брисел, вмрежување со дел од канцелариите на градовите лоцирани во Брисел, интензивирање на контактите со регионот Брисел, и др.
Градот Скопје досега има реализирано голем број проекти кои се финансирани од програми на Европската Унија и други фондови, а како најважни од изминатиов период можеме да ги издвоиме Реконструкцијата на Младинскиот културен центар, како и учеството во проектот РЕНЕСАНСА – проект за примена на оддржливи мерки за транспорт. За реализацијата на овие два проекти Градот Скопје од европските фондови доби 1.232.560 евра.
Во моментов Градот Скопје работи на проекти кои се финансирани од европските фондови и е вклучен во голем број европски проекти, како што се Проектот за размена на искуства и добри практики помеѓу градовите за енергетска ефикасност CASCADE, Проекот за изработка на техничка документација за изградба на колекторки систем за потребите на пречистителната станица во Скопје, Проектот од областа на еколошката енергија и справување со отпад Re-SEEties, Проектот за употреба на електрични возила EleCTra, како и учество во проектите INSec, CH4LLENGE, FUPOL, Streetlight-EPC, ACHELOUS, DECIDE и SINERGI. Вкупниот буџет за Град Скопје за овие проекти е околу 700.000 евра.
Треба да се потенцира дека на Градот Скопје му беа достапни само ограничен број европски програми и за разлика од поголем број општини во Македонија, воопшто на располагање ги немаше европските средства предвидени за прекуграничната соработка.Основната цел на Канцеларијата во Брисел е обезбедување на модерната функција на лобирање за обезбедување финансиски средства за реализација&n