Многу пријатно сме изненадени од реакцијата на граѓаните, од огромната масовност со која тие излегоа овие два дена на улица. Вчера не само во Скопје, туку и во други градови во Македонија. За денес се најавени уште пет-шест нови. Ќе трае додека треба да трае вели, вели во разговор за ТВ Нова Богдан Илиевски кој е дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Вчера упативме и неколку барања. Побаравме сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат Платформите пишувани во други држави, а се однесуваат на Македонија. побаравме од политичките партии, во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не била изгласана со мнозинство поддршка од граѓаните на Република Македонија. Бараме од политичките партии, особено од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштаат да се гласа во Собрание законот за двојазична Македонија, затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на нашата држава. Последно, бараме од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да го почитува доследно Уставот, истакна Илиевски.
Покрај во Скопје, денес протестен марш со почеток во 17 часот ќе се одржи во Охрид, Велес, Кочани, Кичево, Битола, Струмица и Куманово, додека во 18 часот протестен марш ќе има во Штип и Прилеп.-Вчера упативме и неколку барања. Побаравме сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат