Иновативни технологии во Golf и Golf Estate

Loading...

• Навремени сообраќајни информации
• Прогресивниот управувач од сега достапен и кај Golf EstateИнтернет поврзување во Golf 7: “Car-Net” мобилните интернет услуги сега можат да се нарачаат како опција во Golf и Golf Estate. Сообраќајните информациите кои се добиваат преку интернет навремено овозможуваат да се пресметаат алтернативни патишта на движење. Google Street View и Google Earth, им овозможуваат на возачите подобра визуелна ориентација. Golf Estate може да биде уште подинамичен со опцијата прогресивен управувач.
Новиот систем нуди реални фотографски карти кои се прикажуваат врз база на сателитски снимки преку Google Earth. За многу градови , опцијата „360 степени“  на Google Street View нуди подобра визуелна ориентација во непознатите области.
Покрај тоа, системот “Car-Net” има онлајн функција за пребарување за конкретни дестинации , така што возачот може да направи листа на „места од интерес” при пребарувањето. Со оваа функција возачот може побрзо да ја најде посакуваната дестинација со помош на најновите информации.
На прогресивниот управувач му се потребни само 2,1 вртења до крајот, кај стандардниот систем на управување потребни се 2,75 вртења. Со тоа се намалува времето на ракување со управувачот што е погодно за маневрирање на возилото во тесни улички како и при паркирање . На патишта каде што има многу свиоци , прогресивниот управувач нуди низа предности кога станува збор за динамичните перформанси.
Брендот Volkswagen патнички возила испорача 4 360 000 возила во првите три квартали од 2013 година, со што забележа раст од 3,6%
Најголемиот производител на автомобили во Европа испорача 4,36 милиони возила од јануари до септември 2013 година, со што забележан е раст од 3,6% во однос на истиот период минатата 2012 година кога беа испорачани 4,21 милиони возила. Само во септември 2013 година беа испорачани 526 300 патнички возила со логото на Volkswagen, бројка која означува раст од 6,8% во однос на истиот месец лани. Во септември 2012 година им беа испорачани 492 800 возила на клиентите. “Брендот Volkswagen патнички возила ја одржа својата одлична позиција на светските пазари покрај бројните предизвици и продолжи да расте особено во Кина” изјави Кристијан Клинглер, член на управниот одбор за продажба и маркетинг на „Групацијата Volkswagen“ и на брендот Volkswagen патнички возила.

Победа  на релито во Франција и титула на светскиот рели шампионат за Ожие
Себастијан Ожие и Џулиен Инграсија ја освоија титулата за брендот Volkswagen на светското првенство со последната трка на домашен терен од FIA – светскиот рели шампионат (WRC). Француското дуо со POLO R WRC ја обезбеди победа уште во првата фаза. Во меѓувреме Volkswagen влезе во историјата со преземање на титулата во WRC. Volkswagen е првиот производител кои со возачот и совозачот успеа да ја освои титулата на светското првенство уште при нивната прва сезона. Како што се ближеше крајот на единаесеттото рели од сезоната кое се одржа во Франција, Ожие и Инграсија беа во можност уште еднаш да прославуваат, овој пат со шефот за развој во Volkswagen д-р Нојсер Хајнц – Јакоб. За натпреварувачите и за Volkswagen ова беше седма WRC победа.Интернет поврзување во Golf 7: “Car-Net” мобилните интернет услуги сега можат да се нарачаат како опција во Golf и Golf Estate. Сообраќајните инфор

loading...
Loading...