Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја организираше првата работилница за млади лидери. Повеќе од 60 ученици од четврта година од средните училишта, како и апсолвенти се стекнаа со нови знаења и вештини во областа на лидерството.Со креативни и интерактивни вежби, учесниците беа поттикнувани да ги изразат своите лидерски вештини и да научат како да се изградат во професионалци зад кои ќе стои ефективен тим.
Работилницата беше предводена од Д-р Николаос Димитриадис, професор на одделот за Бизнис, Администрација и Економија при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд – Сити Колеџ и директор на Едукативниот институт за развој (EDI), кој е исто така и презентер на TED Talks, истражувач и практичар во полето на маркетингот и комуникациите.
„Наспроти застареното верување дека лидерските способности се вродени, јас лично верувам дека сите ние имаме лидерски потенцијали. Секој може да биде харизматичен лидер и секој може да влијае и да ги пренесе своите пораки на останатите. Затоа мора да најдеме начин да ја ослободиме оваа енергија и овој потенцијал. А кога станува збор за младите луѓе, посебно оваа нова генерација, кои се родени и израснати со интернет и имаат пристап до сите информации, со цел да ги ослободат своите лидерски потенцијали, треба да им дадеме простор. Тука, нашата улога во развивање на нови лидери, не е да ги научиме како да станат лидери, тие самите имаат енергија а знаењето може да го најдат. Потребно е само да им се обезбеди простор за природно да ги извлечат лидерските вештини. Зборуваме за менторство или тренинг, а не едукација. Треба да го говориме нивниот јазик, да им укажеме што е возможно и да им дадеме простор и самодоверба да станат идни лидери во своите професии“, изјави Д-р Николаос Димитриадис.
На учесниците на работилница им беа доделени сертификати од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, а учеството воедно отвораше можност за присутните да се здобијат со парцијална стипендија за додипломски или постдипломски студии во Бизнис, Администрација и Економија, Психологија, Компјутерски науки или Англиски јазик на еден од 25те најдобри универзитети во Европа!Со креативни и интерактивни вежби, учесниците беа поттикнувани да ги изразат своите лидерски вештини и да научат како да се изградат во п