Instagram нуди нови безбедносни алатки кои вклучуваат центар каде што корисниците можат да пријават и да ги решат проблемите при пристап до нивните профили.
Новите алатки би можеле да бидат особено корисни за оние кои мака мачат за да го вратат пристапот до профилот.
Ако корисникот не може да се најави, треба да го посети центарот на веб-страницата на Instagram. Потоа треба да одговори дали проблемот е поврзан со хакиран профил, заборавена лозинка, имитирање, блокирање на профилот и слично.
Еден од методите што корисникот може да го користи за да го потврди својот профил е да побара од пријатели потврда на идентитетот.
Доколку пристапот до профилот е оневозможен, корисникот може да го потврди идентитет со помош на своите пријатели. Instagram започна со тестирање на оваа функција на почетокот нa годинаta, а сега е достапна за сите. Пријателите на корисникот имаат 24 часа да одговорат на неговото барање. Ако го сторат тоа, Instagram ќе му дозволи на корисникот да ја ресетира лозинката.
Во меѓувреме, воведени се дополнителни мерки за спречување на хакирање на профилот. Во тек е отстранување на профилите кои системот ги препознава како злонамерни. Новиот тест вклучува испраќање предупредувања до корисниците.
Дополнително, корисниците ќе видат сина ознака за проверка на проверени профили на повеќе места. Покрај профилите, ознаката ќе се појавува и на Stories и во директните пораки.
Од Instagram тврдат дека ова ќе им помогне на корисниците да знаат дали имаат интеракција со проверени профили.