Instagram воведе нова функција за заедничко гледање на Reels со пријателите

Instagram воведе нова функција позната како Blend, наменета за подобрување на делот за пораки. Со Blend, корисниците можат заедно да гледаат Reels со своите пријатели, без разлика дали се работи за двајца или за цела група. Оваа новина сѐ уште не е достапна за сите, но ако е на располагање во вашата апликација, ќе ја забележите откако ќе отворите било кој разговор, било да е еден на еден или во група. Иконата за Blend е сместена во горната лента, од каде што може да се пристапи до Reels видеата.
Заедничкото гледање на Reels видеата всушност претставува листа на видеа, составена од предлозите кои корисниците ги добиваат. На овој начин, корисниците добиваат увид во вкусовите на своите пријатели и можат да ги видат видеата кои им биле препорачани. За да се започне со гледање на видеата, потребно е да се испрати покана за создавање на Blend. Кога некој ќе ја прифати поканата, видеата стануваат достапни. Корисниците можат и да го напуштат Blend доколку сакаат, а нови Blend-и може да се креираат во било кој разговор, што значи дека не постои само една заедничка листа.
The post Instagram воведе нова функција за заедничко гледање на Reels со пријателите appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: