Фото: Shutterstock.com Според информациите објавени од The Information, Meta конечно донесе одлука да започне со развивање посебна верзија на апликацијата Instagram прилагодена за iPad. Ова е нешто што корисниците долго го посакуваа, а компанијата досега постојано го одбиваше. Во 2022 година, Адам Мосери, раководителот на Instagram, изјави дека компанијата не планира специфична верзија за iPad, и тоа го потврди и следната година. Сепак, сега изгледа дека Meta сака да ги искористи околностите поврзани со TikTok и трговската војна која ја иницираше Трамп со Кина и повеќе други земји. Моментално, Instagram може да се инсталира на iPad, но тоа е верзијата наменета за iPhone, што значи дека корисниците добиваат зголемена мобилна верзија за поголемиот екран на iPad, која не може да се спореди со вистинска посебна апликација. Не постојат конкретни навестувања кога оваа верзија може да биде достапна, и дали воопшто ќе биде лансирана. Со оглед на долготрајното одбивање да се направи iPad верзија, можеби информациите не се точни или можеби компанијата ќе го паузира развојот.
The post Instagram планира верзија за iPad appeared first on 365.mk.