Социјалната мрежа Инстаграм го престигна Твитер според бројот на 300 милиони корисници, изјави денес извшрниот директор на Инстаграм, Кевин Систром и додаде дека неговата социјална мрежа има потенцијал да го смени светот.„Овој пресврт е возбудлив и компанијата ќе продолжи да расте. На Инстаграм може да се забележи живиот пулс на светот и не станува збор само за фотографирање на слатки бебиња или кучиња“ – изјави Систром за „Њузбит“.
Како што пренесе „Њузбит“, Твитер неодамна соопшти дека околу 284 милиони корисници секој месец се вклучуваат на таа социјална мрежа.
Социјалната мрежа Фејсбук, која има околу 1,35 милијарди активни корисници месечно, го купи Инстаграм во 2012 година.
Откако беше основан во октомври 2010 година, Инстаграм бележи постојан пораст, а компанијата во февруари 2013 година, соопшти дека ја достигна цифрата од 100 милиони активни месечни корисници.„Овој пресврт е возбудлив и компанијата ќе продолжи да расте. На Инстаграм може да се забележи живиот пулс на светот и не станува збор само з