Институтот „Прогрес“ со фатални промашувања!

Аналитичарите од Институтот Прогрес, чии основачи се високи членови од Социјалдемократскиот сојуз, меѓу кој Каролина Ристова, Емилијан Станковиќ, Александар Чеботарев, Драган Тевдовски се рекордери во промашувањето на резулататие од парламентарните избори во 2011 година и локалните избори во 2013 година.  Партискиот институт на СДСМ, денеска излезе со нова анкета според која СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би добиле еднаков број на гласови, доколку изборите се одржат утре. Анкетата е спроведена во периодот од 14 до 18 Февруари.  Сепак, кога ќе се анализираат анкетите на овој институт од претходните избори и се споедат со изборните резултати, ќе се увиди дека прогнозите на „Прогрес“ се тотално промашување.

“Прогрес“ со најголеми изборни промашувања
Според анкетата на Прогрес од 21 – 22 април 2011 година, СДСМ води со 20,3% спрема 19, 1% за ВМРО-ДПМНЕ и дека над 50 отсто од граѓаните сметаат дека Шекеринска заслужува да биде премиер, што се покажа како неточно по втор пат. Во наредната анкета која што излезе еден месец подоцна се зголемила разликата и СДСМ имал 22,3, а ВМРО-ДПМНЕ 19,8 отсто.
Анкетата на Прогрес спроведена од 26 – 28 мај уште повеќе беше во полза на СДСМ кои што имале 22,9 отсто а владеачката ВМРО-ДПМНЕ 19,6 отсто, што се покажа дака нема врска со реалниот сооднос на двете најголеми политички партии. Имено според  конечните резултати од Државната изборна комисија ВМРО-ДПМНЕ освои 53 пратеници плус три од дијаспората, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2 пратеника.
За катастрофалните промашувања на “Прогрес“ имаше и на локалните избори минатата година. Партискиот институт на СДСМ направи истражување чии резултати беа тотално промашување.

Прогрес во анкетата направена во периодот од 13-ти до 17-ти март, предвидуваше победа на кандидатите на опозицијата во Велес, Битола, Охрид, Карпош, Кочани, Кисела Вода, Град Скопје, Прилеп, Кочани Ѓорче Петров, Аеродром и низа други општини.
Конечните резултати од локалните избори беа сосема спротивни од тоа што “Прогрес“ го прогнозираше. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во сите од набројаните општини, а во многу од нив победата беше доста убедлива и обезбедена уште во првиот круг.
Прогнозите на институтот Прогрес уште еднаш  се покажаа како најнерелевантни, целосно промашени и без никаква допирна точка со реалноста.
Извор: kurir.mkПартискиот институт на СДСМ, денеска излезе со нова анкета според која СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би добиле еднаков број на гласови, доколку изборите се одр

Пронајдете не на следниве мрежи: