Голем број интелектуалци и професори преку социјалните мрежи порачуваат дека е доста од обидите за продажба и тргување со Македонија. Предупредуваат никој да не си игра со оган, бидејќи ќе се „изгорат“. Додаваат дека искрата е запалена и дека Македонците застануваат во одбрана на својата татковина, нема да дозволат пазарења со државата.-Има моменти во животот кога ништо не е поважно од големата идеја- ТАТКОВИНАТА! Да се сплотиме во име на нашите поколенија кои треба да ја запишат нашата храброст и борба за нивниот дом. Да не бидеме колнати и проколнати зошто сме ја изгубиле државата заради малодушност и неслога. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, пишува професорката Виолета Ачковска.
-На телефон со политички активен човек од голема европска држава, мој пријател и пријател на Македонија, и ми вика, а замисли пред само две години бевте скоцкана, средена земја, без никакви проблеми….Е замисли де, пишува Цветин Чилиманов.
-Македонија нè повикува повторно. Тогаш кога истите Вие со последната капка пот се боревте да го блокирате формирањето на независна и суверена Македонија денес по 26 години се подготвувате сето стекнато да го распродадете…Зошто? Од каде ви е таа толкава омраза кон Македонија…Ве предупредувам…Не играјте си со оган ќе изгорите. Ние Македонците по род и крв ви даваме на знаење дека само преку нас мртву ќе можете да тргувате со Македонија, пишува Иван Соколов.
-Како се чини, сите спонзорирани повици за револуции, промени и протести кренаа погрешна целна група. Нае**вте, шаренки, стои во статусот на Борис Дамовски.
Инаку, десетици патриотски организации, граѓански иницијативи и бројни интелектуалци се мобилизираат против федерализацијата на Македонија, откако на повидок е погазување на волјата на македонскиот народ и коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ со целосното прифаќање на албанската платформа од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Лавина од реакции има и на социјалните мрежи, каде атмосферата е зовриена после откривањето на содржината од договорот меѓу СДСМ и албанските партии. Граѓаните се бесни и бараат одговорност и реакција на обидите да се воведе двојазичност во Македонија, посебно со договор аминуван од партија која ја нема поддршката од мнозинството граѓани во Македонија.-Има моменти во животот кога ништо не е поважно од големата идеја- ТАТКОВИНАТА! Да се сплотиме во име на нашите поколенија кои треба да ја запишат