Интелигентните луѓе се пољубоморни

Резултатите од истражување на Универзитетот во Вирџинија велат дека премногу љубоморните партнери се обично луѓе кои имаат висок коефициент на интелигенција.Студентите кои учествувале во истражувањето имале задача да замислат ситуација дека во меил сандачињата на саканото лице наоѓаат двосмислена порака од лице од спротивниот пол во која пишува: „Што ќе правиш подоцна?“.
Истражувачите открија дека студентите со најдобар просек на оценки и најголем коефициент на интелигенција реагирале побурно на оваа порака која има двојно значење.

Кај интелигентните луѓе присутна е изразена самоконтрола, а тие како личности најчесто тежнеат кон перфекционизам. Поради тоа, многу може да ги вознемири фактот дека нивниот идеал за совршенство може да биде загрозен од нешто како што е неверност на партнерот.
Иако во многу наврати е докажано дека жените се пољубоморни од мажите, припадниците на посилниот пол се повеќе љубоморни ако пораката во себе содржи некој емотикон.
Мажите се љубоморни на идејата за сексуална неверност, додека жените повеќе се љубоморни кога е во прашање емотивна неверност.
„Смајли кое намигнува“ мажите го сметаат како сексуално сугестивен знак и кокетирање, што разјаснува зошто тие се толку љубоморни“ – објаснува професорот по психологија Дениз Фридман. Студентите кои учествувале во истражувањето имале задача да замислат ситуација дека во меил сандачињата на саканото лице наоѓаат двосмислена порака

Пронајдете не на следниве мрежи: