Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзиниот црногорски колега Павле Горановиќ денеска потпишаа Програма за културна соработка меѓу Македонија и Црна Гора за периодот 2016-2019 година.– На денешната билатерална средба со колегата Горановиќ разгорававме за досегашната и идната соработка во областа на културата. Соработката меѓу Македонија и Црна Гора е на многу високо ниво, а успешна е соработката во сите дејности од областа на културата, рече Канческа-Милевска и додаде дека ова е прв документ што се потпишува.
Таа нагласи дека ќе се залагаат за размена на што повеќе културни проекти меѓу Македонија и Црна Гора, за присуство на уметници од Црна Гора на нашите реномирани фестивали, како и за поголемо присуство на македонските уметници на нивните фестивали.
Република Македонија, како што рече, во контунитет е присутна во Црна Гора, на голем број фестивали. Потсети дека Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ имаше турнеја во Црна Гора, а Театарот за деца и младинци од Скопје на многу црногорски фестивали има освоено престижни награди. Во Црна Гора гостувал и Драмскиот театар, а црногорските уметници гостуваат на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, на „Охридско лето“…
Министерката за култура смета дека со Програмата за културна соработка уште повеќе ќе се унапредат односите меѓу Македонија и Црна Гора и додадае оти разговарале и за некои иницијативи кои во иднина планираат да ги реализираат.
Горановиќ денеска ќе оствари средби со директорите на Македонската филхармонија, Македонската опера и балет и на театрите за понатамошна соработка. Се планира присутво на Црногорскиот народен театар на третото издание на меѓународниот театарски фестивал „МНТ фест“, што го организира Македонскиот народен театар, како и копродукција меѓу МНТ и Црногорскиот народен театар за реализација на заедничка претстава за кнезот Владимир и Косара.
Канческа-Милевска информира дека разговарале и за проекти за соработка меѓу Македонската филхармонија и црногорскиот симфониски оркестар, како и за иницијативата за поставување спомен-обележје на кнезот Владимир и Косара во областа Дукља. – Во интензивна комуникација сме околу идејното решение од наша страна, кое е доставено како предлог скици од авторите Томе Аџиевски и Владо Павлески, рече Канческа-Милевска.
До крајот на годинава ќе се издаде и промовира капиталното издание од областа на лингвистиката „Македонско-црногорскиот и црногорско – македонскиот речник“ на Ремзо Скендеровиќ, за кое Министерството за култура на Република Македонија ќе обезбеди финансиска поддршка.
Црногорскиот министер Горановиќ додаде дека потпишувањето на првата Програма за културна соработка меѓу Македонија и Црна Гора не е само формален чин, не е само потврда за пријателските односи меѓу двете држави туку, како што рече, е поттик за поголема соработка меѓу двете држави.
Тој смета дека потпишувањето на оваа Ппрограма ќе биде инспиративно за сите интистуции кои, како што нафласи, и онака добро соработуваат. Според него, Македонија и Црна Гора имаат голема свест за значењето на културата во нашето општество.– На денешната билатерална средба со колегата Горановиќ разгорававме за досегашната и идната соработка во областа на културата. Соработката м