Интензивна гасификација на Македонија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ влезе во процес на интензивна гасификација на Македонија. Планираните проекти забрзано се реализираат на терен, се градат нови делници вредни милиони евра. Во моментов се изведуваат околу 205 километри гасоводна мрежа. Се работи на потегот Штип – Неготино во должина од 36 километри, Неготино – Прилеп – Битола во должина од 92 километра и на Скопје – Тетово – Гостивар во должина од 76 километри, пишува Лидер.
–Инвестицијата за овие три примарни гасоводи е над 80 милиони евра. Само инвестицијата помеѓу Неготино – Прилеп – Битола е околу 37 милиони евра. Кон крајот на следната година Прилеп, Битола и сите населени места помеѓу нив ќе добијат природен гас и за домаќинствата и за индустријата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
–Гасификацијата за градот ќе значи многу за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани, намалување на трошоците за енергенси, подобрување на економијата во градот, заштита на животната средина, објаснува градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Претходно, со парите од клириншкиот долг се овозможи изградба на делницата Клечовце – Штип во должина од 61 километар. Од „Македонски енергетски ресурси“ велат дека интензивно се работи на терен и на реализација на зацртаната цел.

–Со завршување на четирите магистрални делници ќе имаме покриеност од над 70% од потрошувачката на природниот гас. Тоа во количини би било околу 900 милиони кубни метри, објаснува првиот човек на МЕР, Крсте Миладинов.

Проектот за изградба на националната гасоводна мрежа се проценува на 350 милиони евра. Освен овие четири се планираат и други: Штип – Радовиш – Струмица – Гевгелија, Штип – Кочани – Виница, Штип – Свети Николе – Велес, Струмица – Ново Село, Гостивар – Кичево и Кичево – Охрид – Струга – Ќафасан, со интерконективно поврзување со Албанија.
Има интерес за гасификација на Скопје
Повеќе меѓународни компании се заинтересирани за гасификација на Скопје и регионот. Во игра се компании од Италија, Турција, Шведска, Аргентина, како и од Македонија. Тие веќе имаат подигнато тендерска документација, а понудите треба да ги достават до крајот на јуни. Во Скопскиот регион со 17 општини е предвидено да се инвестираат околу 100 милиони евра. Од Владата велат дека се направени сериозни подобрувања на условите, па оттука се очекуваат и квалитетни понуди.

–Рокот на концесија е продолжен од 20 на 30 години, а самиот приклучок што Владата предвидува да го субвенционира е за 20 проценти намален. Има и голем број технички подобрувања коишто споредено со она што беше порано се пренесени од искуствата и консултациите со експертската јавност, вели советникот на премиерот Христијан Мицкоски.
–Зголемувањето на периодот за концесија значи дека му се дава шанса на концесионерот да си ги врати парите и да прави профит. Владата сака да му покаже на идниот инвеститор дека се грижи да има што повеќе потрошувачи со што тој побрзо ќе влезе во позитива,  објаснува универзитетскиот професор Константин Димитров.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вели дека Македонија кон крајот на 2018 година или на почетокот на 2019 година ќе има и примарни и секундарни гасоводи.

–Тече меѓународниот повик за изнаоѓање концесионер за секундарната гасификација. Има многу заинтересирани, а најмалку три или четири се сериозно заинтересирани. Овој пат е доста извесно дека ќе успее затоа што овој меѓународен повик е со далеку подобрени услови отколку што беше претходниот, вели Груевски.

Исто така, во Источна и во Централна Македонија е планирано да се вложат 27 милиони евра. Овде ќе бидат опфатени 28 општини. Во Западна Македонија и Пелагонија, пак, во 35 општини ќе се вложат уште 22 милиона евра.
Заштеда за граѓаните, конкурентност за компаниите
Придобивките од гасификацијата на Македонија ќе бидат големи. Граѓаните ќе заштедат, а компаниите значително ќе ја зголемат сопствената конкурентност.

–Владата сериозно се грижи за овој вид инвестиции кои создаваат и директен економски ефект и индиректно создаваат предуслови за побрз раст и развој, изјави министерот за финансии Кирил Миноски.

Бизнисмените очекуваат пониски трошоци и зголемена конкурентност.

-Со приклучувањето на Македонија не само на гасот од Русија, туку и со приклучување на гасоводите преку Грција од Блискиот Исток, можностите за намалување на цената на гасот се реални. Со тоа, економските ефекти може да бидат и подобри од очекувањата, вели првиот човек на „Витаминка“, Симеон Наумоски.
–Гасификацијата значително ќе го подобри стандардот на граѓаните, ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании и позитивно ќе влијае врз атрактивноста на Македонија како инвестициска дестинација, вели вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Расте побарувачката на природен гас
Побарувачката за природен гас во Европа забрзано се зголемува. Од „Газпром“ информираа дека годинава најверојатно и ќе ги натфрлат првичните планови за производство.

–Првичните планови на компанијата беа во оваа година ископувањето да достигне 430,4 милијарди кубни метри. Веројатно е дека овие количини ќе се надминат. Очекувањата се дека ископувањето во 2017-та година ќе надмине 442 милијарди кубни метри, информираа од „Газпром“.

 
–Инвестицијата за овие три примарни гасоводи е над 80 милиони евра. Само инвестицијата помеѓу Неготино – Прилеп – Б

Пронајдете не на следниве мрежи: