Интересни факти за Оскар статуетките

Доделувањето на престижната награда Оскар само што не почнало. Иако во прв план се филмовите и актерскиот талент, најмногу медиумско внимание им се посветува на актерките на црвениот тепих. Освен гламурозните фустани кои со своите кроеви, бои и материјали, фризурите и шминката кои ги остават присутните без здив, прочитајте и неколку интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле за самите Оскар статуетки.

Подножјето на Оскарот претставува филмска лента, на која има пет краци кои ги претставуваат оригиналните гранки на Академијата: Актери, режисери, продуценти, техничари и писатели.Не се сите оскари исти. Секој Оскар на долниот дел има изгравирано различен број.
Академијата има доделено речиси 3000 Оскар статуетки од 1929 година до сега и на сите има изгравирано различен број

Статуетката претставува витез кој носи крстоносен меч. Оваа година академијата сака да покрене нешто што се вика Оscaring, kаде сите ќе позират како Оскарот. 
Членот на академијата Седрик Гибонс ја има дизајнирано статуетката а за таа цел  го ангажирал актерот и режисер Емилио Фернандес кој му позирал гол инспирација. Уметникот Џорџ Стенли ја направи оваа статуетка..
Академијата за подвижни слики ја доделила првата статуетка во 1929-година. тогаш била позната под името „Academy Awards of Merit“. Академијата го смени името на наградата во „Оскар“ во 1939-та година.

Статуетките ги изработува компанијата R.S. Owens and Company во Чикаго. На фирмата и се потребни околу3-4 недели да изработи 50 статуетки.
Оригиналните статуетки биле направени од позлатена бронза, но сега бронзата е заменета со металот британиа.

Големината на подножјето се има променето неколку пати од 1929 до 1945 година и оттогаш наваму се нема променето.
 Академијата ја додели првата статуетка на Емил Јанингс во 1929 год. за најдобар актер во „The Last Command“
Статуетката тежи 3.85 килограми.
 Доделувањето на престижната награда Оскар само што не почнало. Иако во прв план се филмовите и актерскиот талент, најм

Пронајдете не на следниве мрежи: