Интересно потекло на свадбените обичаи

Свадbените обичаи на кои многу од паровите се придржуваат, а кои ги поврзуваме со љубовта, пријателството и забавата – всушност имаат практични корени. Знаете ли од каде потекнуваат некои од најчестите свадбени обичаи?
Најава за свадба
Овој обичај кој се задржал до денешен ден, бара од партнерите пишана изјава за венчавка. Целта на оваа изјава била семејставата и роднините да се уверат дека младите не се во родна врска.
Таткото ја предава невестата
Венчавките некогаш биле бизнис трансакции, па во таа смисла таткото ја придружува невестата до олтарот, така што неговата „сопственост “ ја предава на младоженецот. Романтично?
Ергенска забава
Вакви забави одамна организирале спартанските војници, а се однесувале на церемонија со која војникот се збогувал со осамениот живот.
Улогата на кумот
Иако денес младоженецот за кум најчесто го одбира својот најдобар пријател, порано ваквиот избор помалку се однесувал на квалитетот на пријателство, а повеќе се однесувал на вештината на мечување. Всушност, во некои случаи, на младоженецот му била потребна вооружена помош.
Ритуали
Невестата за време на свеченоста стоела од левата страна, бидејќи на младоженецот требало да му е сллободна десната рака, во случај да треба да ја одбрани својата идна сопруга од останатитен разочарани додворувачи.
Позиција на прстенот на раката
Свршеничкиот прстен се носел на четвртиот прст на левата рака, бидејќи старите Римјани верувале дека крвните садови на четвртиот прст водат дирекно до срцето.
Врзување на јазол
Врзувањето на рацете на младоженците симболично ги претставува обврските кон кои мора да се придржуваат со стапувањето во брачниот живот.
Е па сега веќе ви стана појасно значењето на сите оние обичаи и ритуали кои ги прават скоро сите младенци. Свадbените обичаи на кои многу од паровите се придржуваат, а кои ги поврзуваме со љубовта, пријателството и забавата &

Пронајдете не на следниве мрежи: