Пред два дена ВМРО-ДПМНЕ беше прва партија која јавно реагираше на прес конференцијата на претседателот Иванов во која го искажав својот став.Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес на прес конференција истакна дека во текот на вчерашниот ден вршеле анализи и консултации, а денес уште еднаш се произнесоа по повод прес конференцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов.
-Не се сомневаме во неговите добри намери, ниту во законитоста и уставноста на одлуката. Сакаме да укажеме на следното. Прво, уште еднаш силно да се оградиме од оваа одлука на претседателот, таа не е во склад со нашите заложби и му помага на СДСМ, спротивна е на многу наши заложби. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека тој што направил криминал треба да одговара за тоа. Второ, никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновно и не посакува да има прекин на постапките. И покрај непрофесионалното однесување на СЈО и заземањето страна во случајот директно ставајќи се на страна на СДСМ, убедени сме дека низ правна постапка ќе се покажеше вистината и фактот дека кривичните пријави против наши функционери и отворени истраги се дел од кампањата на СДСМ. Народот го има препознаено сето ова, на мнозинството граѓани му е совршено јасно што се случува во земјава. Трето, жалиме што ова значи ослободување од гонење на Зоран Заев и Зоран Верушевски и други нивни соработници. Тие во туѓ интерес и нанесоа штета на државата и народот и требаше да одговараат, потенцираше Груевски.
Тој додаде дека против Зоран Заев има легално прибавени цврсти докази за „Поткуп“ заради што ги избегнуваше рочиштата и бегаше од судот. Јасно е што Заев правеше, се им е јасно на луѓето, изјави Груевски и потсети дека против Заев имаше процес против „Пуч“ и против Верушевски со цврсти и легално прибавени докази. Колку и да бегаа од судот, рече Груевски, доказите за овој случај со помош на агент на Верушевски кои со години вршеле прислушување беа непобитни.
-Интересот на СДСМ е во земјава да има анархија, да има безредие и хаос, но тоа не е интерес на македонските граѓани и на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот заеднички интерес е земјата да оди напред, демократијата да функционира, одлуките на слободни и фер избори да ги носат граѓаните на Република Македонија, рече Груевски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ заедно со СОРОС одамна планирале да протестираат овој период, секој ден, а одлуката на Иванов сега ја искористуваат.
-Тие и онака планираа да прават протести, секој ден со цел влошување на атмосферата и ескалација на состојбите, а со крајна цел избегнување на изборите. Заев не криеше дека нема да оди на избори, тоа беше негова стратегија. Сега само малку ќе ја изменат реториката искористувајќи ја одлуката на претседателот како главна причина за избегнувањето на изборите и ќе го прават она што го планираа- деструкција, говор на омраза, истурање гнев, насилства, хаос, криза, сеење лаги и манипулации од типот дека списоците не биле прочистени и дека нема услови за избори и слични лаги со кои сакаат да сокријат дека немаат поддршка од мнозинството граѓани кое се должи на нивната безидејност и деструкција, рече Груевски.
Наспроти нив, рече Груевски, ВМРО-ДПМНЕ се насочува кон човекот, неговите проблеми, подобра иднина, решавање на предизвиците, отворање на нови работни места, спроведување на реформи и дела.Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес на прес конференција истакна дека во текот на вчерашниот ден вршеле анализи и консу