Интернационален стрип салон „ВЕЛЕС 2016“

На ден 14.10.2016(петок) со почеток во 19 ч  во Ликовен салон Велес  ќе се одржи свеченото отварање на 14 от Интернационален стрип салон „ВЕЛЕС 2016“. Организатор е Стрип центар на Македонија  со седиште во Велес.Интернационалниот стрип салон во Велес е најреномирана манифеставија од ваков вид во Македонија и доживеа 14 успешни изданија .Овогодинешниот салон ќе се одржи од 14 до 16 .10.2016
На свеченото отварање ,пред цсе ќе се доделат наградите од овогодинешниот интернационален стрип конкурс, да потсетиме дека 1 то место ЗЛАТЕН СТРИП  го освои  Срѓан Николиќ –Пека  од Лесковац, Србија.
Тој ке биде специјален гостин на овој салон заедно со  Срѓан Николиќ-Пека (Лесковац, Србија) . Горан Трајковиќ( Рашка, Србија) Vilson Haxhiraj-Albania, Endriot Beqo-Albania,Fatjon Alla-Albania Александар Стеванов и други автори од нашата земја На свеченото отварање ќе се додели годинешното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „ЉУПЧО ФИЛИПОВ„ овојпат таа чест ќе ја има Томе Трајков ,културен оператор од Велес.Истовремено ќе с е отвори изложбата на стрип дела од овогодинешниот интернационален стрип конкурс кадешто е постигнат рекорд од 254 пристиганти стрипови од сите континенти
Најреномираната стрип манифестација кај нас продолжува и во сабота и недела со вообичаени промоции .практични работилници ,размена на искуства и други форми на  соработка помегу присутните
Традиционално,донатори на 14 Интернационален стрип салон се Министерството за култура на Р.Македонија и Општина Велес
Она што претставува новина ,којашто треба да стане традиционална е проектот „ СКОПСКА  СТРИП АКЦИЈА“   -всушност продолжување на овој салон со активности во главниот град. Специјалните гости на овој салон на 17.10.2016(понеделник)  со почеток во 12,оо во Детскиот културен центар КАРПОШ ке се промовираат во главниот град .Оваа активност е финансирана од страна на град Скопје.Интернационалниот стрип салон во Велес е најреномирана манифеставија од ваков вид во Македонија и доживеа 14 успешни изданија .Овогодинешниот салон

Пронајдете не на следниве мрежи: