Секојдневно се соочуваме со „хејтање“ на социјалните мрежи и некогаш дури не ни е јасно од каде таа потреба за такво однесување и што е причината за таквото однесување. Сепак како и сите објаснувања на психологијата и ова „зошто“ има свое „затоа“.Психологот Небојша Јовановиќ вели дека треба да се прави разлика помеѓу конструктивни и деструктивни критики, но луѓето кои имаат изразена критичка црта кон се и кон сите, тогаш кај ваквите особи станува збор за некаков дефект во личниот развој и кај нив не е целосно дозреана психата, тие останале на нивото на дете.
Кога има конструктивна критика, треба да се земе во предвид дали таа критика е базирана врз основани аргументи.
-Има луѓе кај кои е доминантен психолошкиот механизам на раздвојување. Тие во својот ментален склоп се категорични и кај таквите особи нема нејаснотии – вели Јовановќ, додавајќи дека кај нив постои некоја форма на примитивизам.
Деструктивните „хејтери“, воглавно имаат проблем со сопствениот развој и мразат се што се развива и се што забележуваат кај другите луѓе, а тие го немаат.
Што друго објаснува Јовановиќ…
-Тоа е всушност критика по принцип, јас имам некој недостаток и не можам никако да го надоместам, па ќе го мразам сето она што другите го фалат, мене ми недостига, го немам – вели Јовановиќ и додава дека штом нешто е општо прифатено, тие „по дифолт“ ќе го мразат. Како што вели тој, наместо да се насочат кон себе и да ги прифатат своите недостатоци, па и да го решат проблемот, тие за се што не е добро ги обвинуваат другите, а тоа го пројавуваат надвор.
Како уште една од причините за масовно појавување на изразени критики се фрустрациите од личниот живот. Незадоволни од својот начин на живот „хејтерите“, најбалго речено беснеат, а во недостаток на прилики, за својот став да го искажат „еден на еден“ тие ги користат социјалните мрежи.
-Откако постојат социјалните мрежи, незадоволните луѓе максимално ја користат приликата да ги истресат своите фрустрации и бидејќи се оневозможени да зборуваат „лице в лице“ , потребата за да се искажат ја пренесуваат преку Фејсбук, преку Твитер и слично, па таму отвораат и разни дискусии – обајснува Јовановиќ и нагласува дека за мнозинството кои имаат проблеми од ваква природа ова претставува духовна храна.
Според него, ваквиот облик на комуникација е „заразен“ само кај луѓето кои имаат ваква структура на личност.Психологот Небојша Јовановиќ вели дека треба да се прави разлика помеѓу конструктивни и деструктивни критики, но луѓето кои имаат изразена критичка