Интернет „троловите“ се нарцисоиди и садисти

Оние кои поминуваат долго време на интернет исмејувајќи и тероризирајќи на некој начин други луѓе, најчесто без причина, се ужасни луѓе, покажа најновото истражување. Таканаречените интернет „тролови“, имаат карактеристики на нарцисоидност, психопатија, Макијавелизам и садистичко однесување. Ако се прашувавте како овие луѓе одвојуваат толку време за тролање на интернет, науката вели дека причината за ова е дека немаат нормален социјален живот.
Научниците дошле и до заклучокот дека постои силна врска помеѓу „тролањето“ и садизмот.
„Садистите сакаат да се забавуваат….а интернетот е нивното игралиште“, пишува во објавеното истражување. Онлајн медиумите, интернет порталите, славните личности често се мета на вакви „тролови“.
Мashable пишува дека долго време морале да се справуваат со една ваква личност која хистерично ги напаѓала секогаш кога ќе имале печатна грешка во некоја од нивните статии, нарекувајќи ги неписмени и барајќи објаснување за тоа кој им дозволил да пишуваат на интернет.
Кога пишувате цел ден, сосема е нормално да се случи некоја печатна грешка – им се случува и на најдобрите светски медиуми. Но, исто така, има нормален начин на посочување на грешка без употреба на погрдни зборови и злобен тон. Голем дел од медиумите пробуваат да се справат со ваквите „тролoви“ на различни начини.
YouTube воведе засилена модерација на коментарите, The New York Times забрани коментари на дел од статиите, а Popular Science целосно го забрани коментирањето под нивните статии минатата година.
Сепак, познавачите велат дека ова не е решение, бидејќи банирањето на некои корисници или модерирањето на коментарите може само да ги забави, но дополнително да ги мотивира во наоѓање на други начини на „тролање“.
Можеби нема трајно решение за ослободување од „троловите“, но сега барем постои научна потврда за патологијата на однесувањето на овие луѓе.Таканаречените интернет „тролови“, имаат карактеристики на нарцисоидност, психопатија, Макијавелизам и садистичко однесување. Ако се пр

Пронајдете не на следниве мрежи: