Интернетот се преврте наопаку: Мајката споделила фотографија од своето бебе на Фејсбук, а потоа примила ужасно писмо

Џејд Рутвен (33) од Австралија одлучила да објави порака  која ја примила  откако повеќе пати објавила фотографија од своето бебе. И интернетот  се преврте наопаку.Рутвен  толку се изнервирала поради пораката  која ја добила  па ја проследила до комичарката Ем Русијано која овие зборови  ги лансирала  во сајбер просторот.
„Облечи ѝ ново костимче, па потоа сликај ја и испрати приватна фотографија  на оној кој  ѝ го дал- не на сите!!! Ползела. Нас не не интересира. Има шест месеци. Голема работа!
Застани и размисли, секоја мајка кога би ја објавувала секоја глупост на своето дете, и тебе би ти се смачило. Едвај чекаме да се вратиш на работа. Можеби така ќе се одалечш од Фејсбук“, пишува во писмото кое Џејд го затекла во сандачето.
Испраќачот кој не се потпишал рекол дека мисли дека бебето ѝ е прекрасно и сето тоа но дека Џејд  „многу ги нервира луѓето кои мислеле дека после месец дена ќе успори со ‘мојата Ади ова, мојата Ади она’, но од тоа нема ништо“.
Додале дека „ова го прават само за да ѝ кажат што луѓето навистина мислат“.
Рутвен вели дека писмото ја погодило како шамар.
„мислев дека во ковертот има некоја покана. Кога видов, останав во шок, прочитав четири пати. Не е како со оружје да ги терав тие луѓе  да  ги гледаат фотографиите од моето дете. Се налутив. Искрено, мајка сум за прв пат и кој и да го сторил ова нема храброст  да ми ги каже името и презимето. Доколку мислеа дека ќе ме натераат да плачам и да се повлечам од Фејсбук- се лажат“,  рекла мајката.
Та вели дека поради  поддршката која ја добила сега е поодлучна од било кога.Рутвен  толку се изнервирала поради пораката  која ја добила  па ја проследила до комичарката Ем Русијано која овие зборови  ги

Пронајдете не на следниве мрежи: