Можете да ги мразите кога го блокираат телефонот и уште повеќе кога го успоруваат компјутерот, но сега досадните софтверски ажурирања се дел од автомобилите.Автомобилските производители предводени од Tesla Motors Inc., се обидуваат ефикасно да го искористат присуството на Wi-Fi, 3G и 4G безжичните мрежи.
Тоа пак ги натера производителите на компјутерски системи за автомобили, како што се NXP Semiconductors NV, Ericsson AB и Gemalto NV, да се обидат да создадат посебен софтвер за заштита од хакери.
„Штом остварувате интернет врска, доаѓа до ризик од хакирање“ – коментира Џонатан Олсон, експерт за безбедност во Ericsson, компанија која обезбедува опрема за поврзување со мрежата на автомобилите на производителите на автомобили како Volvo AB.
Од производителот на електрични автомобили Tesla, овој месец претставија нова апликација која им овозможува на Model S и Model X да паркираат нормално без возач зад воланот. Целосната надградба за софтверот на автомобилите на компанијата трае во просек 45 минути и доведува до значителни подобрувања во движењето, автономијата и користењето на батеријата.
Се разбира, како и со сите софтверски апликации и кај оние за автомобилите често се јавуваат грешки.
На пример, во 2014 година од Toyota Motor Corp., најголемиот производител на автомобили во светот, требаше да повлечат повеќе од половина од сите продадени модели Prius поради дефект кој можеше да доведе до одложување или неочекувано запирање за време на движење.
„Автомобилот се претвора во самостоен робот за возење“ – посочува Ларс Регер, главен службеник за технологија во NXP и додаде дека токму поради тоа софтверот е многу важен, отколку што беше пред една деценија.
Чиповите на NXP се дел од автомобилите на производителите како Tesla, Audi, BMW и Mercedes.
Во светот ќе има 150 милиони автомобили поврзани на интернет во 2016 година и повеќе од 800 милиони во 2023 година според проценките на компанијата за пазарни анализи „Мејсон“.
„Неизбежно е производителите на автомобили дека ќе поминат низ истите чекори кои банките и трговците ги направија во последните години“ – коментира Оливие Пиу, извршен директор за сајбер безбедност во „Гемалто“ чиј клиент е Audi.
„Некои производители на автомобили се понапред од другите“ – смета Џером Роберт, главен маркетинг директор на „Лекси“, фирма која банките и владите ја ангажираат да тестира пропусти во безбедноста на нивните софтверски системи.
Според него, „нивото на безбедност е добро во новите целосно електрични автомобили, но кај многу од постарите модели на автомобили заштита речиси и да нема“.Автомобилските производители предводени од Tesla Motors Inc., се обидуваат ефикасно да го искористат присуството на Wi-Fi, 3G и 4G безжичните мрежи