Интернетот тотално одлепи по пицата во ШОЛЈА која се прави за две минути

Токму кога помисливме дека пицата не може да стане пофеноменална, таа повторно не изненадува. Бидејќи овој пат ни стига во шолја и се прави, буквално, за две минути. Звучи неверојатно, но пробајте и  ќе се уверите-  не само што е подеднакво вкусна, туку е и  многу посочна од онаа која се продава на парче.Се што ви е  потребно за подготовка на овој  гурмански  специјалитет е една шолја, лажица и состојки кои сигурно веќе ги имате дома.
Самиот процес на мешање на состојките ќе ви одземе од прилика  минута, а исто толку трае и печењето.
Знаеме, звучи како бајка и токму затоа е моментално најбараниот рецепт на интернет.
Состојки:
4 лажици брашно
¼ лажица прашок за пециво
Прстофат сода бикарбона
¼ лажичка сол
3 лажици млеко
1 лажица маслиново масло
1 лажица сос од домати
1 полна лажица рендан кашкавал
5 листови мини колбаси
½ лажичка мешавина зачини по вкус
Подготовка:

Прво измешајте го брашното, прашокот за пециво, сода и сол, па во тоа додадете ги млекото и  маслото, па со вилушка измешајте да се добие тесто. Преку тестото ставете го  сосот од домати, кашкавалот, колбасите и поситете со  зачините. Ставете во микробранова на минута ипол, или  додека не забележите дека од горе  се јавуваат меурчиња.
Земете лажица и уживајте во најбрзиот и највкусниот појадок!
Се што ви е  потребно за подготовка на овој  гурмански  специјалитет е една шолја, лажица и состојки кои сигурно веќе ги имате дома.

Пронајдете не на следниве мрежи: