Слободните и фер веродостојни избори се неопходност за Македонија. Гласачите не треба да се плашат и можат да избираат слободно. Потребна ни е стабилност за да граѓаните може да си продолжат со своите животи, да работат посветено, да се грижат за своите семејства и да изградат подобра иднина. Опозицијата гледа поинаква Македонија. Македонија ја гледаат во постојана криза. Ние се бориме да заврши кризата. СДСМ се бори да ја пролонгира.Ова го вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју заТелеграф.мк. Тој нагласува дека Законот за избори го донесоа сите четири најголеми политички партии уште во ноември минатата година, кога беше усогласено дека 24 април е најсоодветниот термин за излез од кризата.
Од една страна, како што истакнува Груевски, тој датум обезбедува доволно време за исполнување на сите услови за одржување на фер и демократски изборен процес, од друга страна не се развлекува кризата и последиците што сите во земјава секојдневно ги чувствуваме.
Т: Прво и најважно прашање кое ја оптоварува целокупната јавност во Република Македонија е прашањето дали ќе има избори. СДСМ одлучи да не го чека извештајот на меѓународните претставници и констатираше дека нема услови за одржување на предвремените парламентарни избори заради што партијата нема да излезе. Кој е ставот на ВМРО ДПМНЕ?
– Законот за избори го донесоа сите четири најголеми политички партии уште во ноември минатата година. Тогаш се согласивме дека 24 април е најсоодветниот термин за излез од кризата. Од една страна обезбедува доволно време за исполнување на сите услови за одржување на фер и демократски изборен процес, а од друга страна не се развлекува кризата и последиците што сите ние секојдневно ги чувствуваме. Датумот произлезе и од договорот од Пржино на кој се согласија сите четири учесници во преговорите.
Ставот на ВМРО ДПМНЕ е дека законите мора да се почитуваат, а пред се мора да се почитува волјата на граѓаните. Излезете на улица и ќе видите. Не мора да ги читате анкетите. Народот референдумски се изјаснува дека сака излез од оваа криза која што ја наметна СДСМ. Постои итна потреба за предвремени избори во Македонија. Без избори, земјата ќе стагнира. Економските резултати кои ги постигна Македонија се меѓу најдобрите во регионот, а тие резултатите беа поткопани од опозицијата преку кризната состојба.
Потребна ни е стабилност за привлекување на странски инвестиции и создавање работни места. Потребна ни е стабилност за инвестирање во училишта, патишта и болници. Потребна ни е стабилност за да станеме членка на ЕУ и НАТО заради наша идна безбедност и просперитет. Потребна ни е стабилност за да граѓаните може да си продолжат со своите животи, да работат посветено, да се грижат за своите семејства и да изградат подобра иднина. Опозицијата гледа поинаква Македонија. Македонија ја гледаат во постојана криза. Ние се бориме да заврши кризата. СДСМ се бори да ја пролонгира.
Ние имаме програма за создавање на работни места, вработување на повеќе Македонци и стимулирање на повисоки плати. Имаме програма за изградба на болници, грижа за болните и осигурување на адекватна здравствена заштита. Имаме програма за патишта и мостови, транспорт и инфраструктура. Имаме програма за образување на нашата младина, за да може да ги научат вештините во кои сакаат да инвестираат работодавачите. Затоа што веруваме дека следниот голем инженер, следниот голем изумител, следниот голем научник, следниот голем технолог е детето во Македонија денес. Тоа е иднината!
СДСМ нема план. СДСМ нема програма. СДСМ нема визија. Тие едноставно креираат криза по криза по криза. СДСМ се претвори во „партија на кризи“. На изборите, на гласачкото ливче нема да има само кандидати и партии. Ќе има избор на визии и избор на тоа каква иднина македонските граѓани сакаат за себе и за своите деца. Изборот е од огромна важност. Не може да се одложи ниту да се негира. Визијата на ВМРО за иднината на Македонија се заснова на правото на народот да одлучува. Ја почитуваме волјата на граѓаните и мудроста на гласачите.
T: Дали сметате дека се исполнети условите за одржување на фер и демократски избори? Каков извештај очекувате?
Двете најважни институции кои се најодговорни за одржување на изборите не се под контрола на ВМРО ДПМНЕ. СДСМ преку техничкиот министер Оливер Спасовски раководи со МВР, а за сите најважни одлуки обезбедуваат мнозинство и во ДИК. Токму од нив зависи и прочистувањето на избирачкиот список и обезбедувањето во предизборниот период, односно кампањата, како и самиот ден на гласање. Досега бевме сведоци на бројни опструкции токму од страна на СДСМ. Јас немам илузија дека овие опструкции ќе продолжат како што ќе се зголемува стравот на СДСМ од избори. Дури можам да кажам дека очекувам тие да се зголемат.
Нема да ме зачуди наскоро повторно да гледаме штрајкови и демонстрации. Било што за да се создаде криза и да се избегне пресудата на гласачите. Сме ги виделе и претходно ваквите тактики. Нивните обиди да им забодат нож во грб на македонските гласачи само што почнаа. Јасно е дека се работи за две многу различни визии. Визија на демократија и само-определување наспроти визија за саботажа и уценување. ВМРО верува дека на земјата ѝ се служи најдобро со стабилност и смиреност.
T: Едно од прашањата околу изборите е договорот околу законите кои ја тангираат медиумската сфера. Дали се приближија ставовите?
Во однос на медиумите и слободата на медиумите, би сакал да истакнам дека ја поддржувам слободата на медиумите, а слободата на изразување и информирање е клучна вредност на нашиот политички систем. Медиумите мора да бидат слободни и независни од какво било политичко, комерцијално или какво било друго влијание, злоупотреба или притисок, тие треба да може да ја извршуваат својата работа слободно. Тие играат клучна улога во нашето општество и ние сите мора да ја поддржуваме. Уредничката политика мора да биде единствено одлука на новинарот и ги охрабрувам сите медиуми секогаш да бараат различно мислење, алтернативни гледишта затоа што тоа е суштината на демократијата.
Како што знаете, меѓу партиите се водат разговори за медиумите. Би сакал да истакнам три работи: прво, Македонија има закон кој беше усвоен по осуммесечна дебата со сите чинители како новинарските здруженија, ТВ и радио здруженија, дневни весници и нивни синдикати. Тие доставија свои мислења и барања и повеќето од нов беа усвоени во овој закон, а не смееме да зборавиме и дека законот беше напишан од страна на експерти под покровителство на ЕУ со помош на експерти од Советот на Европа и ОБСЕ. ЕУ инвестираше големи човечки и финансиски ресурси и благодарни сме им за тоа. Второ, бидејќи опозицијата СДСМ бара измени на законот, морам да истакнам дека сме подготвени да разговараме како што и правиме и сме спремни да го прифатиме кој било закон од 28-те земји членки во ЕУ, Македонија е земја кандидатка за членство во ЕУ, наша обврска е да го усвоиме законодавството на ЕУ, ова може да биде многу позитивен чекор во таа насока. Трето, го изменивме Изборниот законик во консензус со опозицијата, на тој начин обезбедувајќи еднакво претставување на сите партии и кандидати на нивната програма и ставови во изборниот период.
Секогаш сум отворен да го слушнам мислењето на новинарите и медиумите и ве уверувам дека нашиот дијалог со медиумите како и нашите напори за подобрување на медиумското окружување ќе продолжат со иста динамика и по изборите.
T: Имаше сериозни забелешки и околу одвојување на партијата од државата, а се бараа гаранции и за спречување на заплашување и притисок врз гласачите. Дали има консензус за овие прашања?
– Македонското општество, иако е млада демократија, веќе има традиција на слободни и фер избори каде граѓаните може слободно да ја изразат нивната волја и избор. Ова е истакнато и во релевантните извештаи на ОДИХР, ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа. Постојат и слабости и предизвици кои треба да се подобрат и ве уверувам дека во минатото имаме направено сè што е можно за да се справиме со нив. Би сакал да ја охрабрам Владата за организацијата на изборите да продолжи со овој процес.
Бидејќи суштинска вредност на демократијата е слободата на избор, би сакал да истакнам дека сите граѓани може да гласаат слободно, без никаков притисок или заплашување од страна на кој било кандидат или партија. Гласачите не треба да се плашат за своето вработување или своето работно место, ниту за социјална, или каква било друга услуга која ја обезбедува Владата како резултат на поддршката или неподдршката на која било политичка партија или кандидат. Тие мора да изберат слободно. Заради тоа ги повикувам и охрабрувам сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ да не помислат на вршење притисок или заплашување на гласачите, а и ги охрабрувам да испратат писмени упатства до нивните институции во иста насока, правото на глас е слободно. Сакам да истакнам дека треба да постои нула толеранција за секој поединец кој ја злоупотребува позицијата.
Сакам да ве потсетам дека ВМРО ДПМНЕ го смени изборниот законик при што воведе големи казни за сите кои го злоупотребуваат гласачкото право или злоупотребуваат или прават притисок врз гласачите. ВМРО ДПМНЕ е сигурна во поддршката која ја има од граѓаните и она што го сакаме и бараме се слободни и фер избори. Граѓаните треба да изберат да гласаат и оние кои гласаат треба да направат избор врз основа на програми и кандидати. Веруваме во нашата програма и кандидати. Ги повикувам останатите политички лидери да се обврзат на истото и да испратат исти пораки до функционерите од нивните партии.
Слободните и фер веродостојни избори се неопходност за Македонија.
Т: Специјалното јавно обвинителство отпочна со процесуирање на случаи против дел од раководството на ВМРО. Меѓународните претставници во земјава побараа Катица Јанева да добие поддршка од партиите и да престанат нападите врз неа. Опозицијата ве прозива повикувајќи Ве да ги коментирате барањата за истраги кои произлегоа од СЈО?
– Разликата во односот кон институциите меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и во овој домен е огромна. Сведоци сте какви навреди и напади упатија од СДСМ врз Јавното Обвинителство на Република Македонија само заради тоа што согласно своите ингеренции процениле дека постои основано сомнение за да се покрене истрага во врска со нерационалните кирии кои сам себе си ги исплаќал директор на една компанија.
Ние како партија во ниту еден момент не тргнавме да го омаловажуваме и девалвираме СЈО. Убедени сме дека нашите функционери не сториле никакво кривично дело и знаеме дека тоа ќе се докаже во натамошната постапка. Знаеме дека СДСМ преку своите медиуми сака да креира атмосфера на тензија и линч бидејќи тоа е единствениот начин да се обидат да добијат некој поен во кампањата. Сосем е разбирливо во ситуација кога немаат никаква програма, ниту проекти кои би ги понудиле, да се обидат преку негативна кампања да креираат впечаток дека сите се исти. За разлика од СДСМ, јас сум убеден дека граѓаните не забораваат. Граѓаните знаат со какви се предизвици се соочуваше МВР и какви се резултати постигна под водство на Гордана Јанкулоска. Граѓаните знаат колку професионално беше изведена акцијата „Планинска бура“, „Пепел“ или заплената на половина тон кокаин. Оливер Спасовски е технички министер повеќе од три месеци. Не видовме дека тој и неговиот добро платен тим околу него, и покрај сите незаконски смени кои ги изврши има реализирано барем една акција во која запленил поголема количина на дрога или оружје.
Граѓаните знаат колку патишта и мостови се изградени и реновирани додека Миле Јанакиески го водеше ресорот Транспорт и врски. Од набавка на возови, преку изградба на социјални станови па се до гасификацијата се проекти кои отпочнаа и во голема мера беа реализирани токму од Јанакиески. Затоа сигурен сум дека СДСМ нема да успее во својата деструктивна и црна кампања. Победите на ВМРО ДПМНЕ изминативе 10 години беа кристално чисти, базирани на програми и проекти и нивна реализација. Таква ќе биде победата и на 24 април.
Удар врз кредибилитетот на институцијата изврши токму Зоран Заев. Тој дури и на јавни собири ги најавуваше сите идни чекори на СЈО. Нему му заблагодаруваше сопругата на Зоран Верушевски затоа што Катица Јанева побара да се укине притворот на првообвинетиот во случајот „Пуч“. За жал немаше никаков демант или осуда на однесувањето на Зоран Заев и тоа придонесе во јавноста да се роди огромен сомнеж за непристрасноста и професионалноста во постапувањето на СЈО. Јавноста беше сведок на десетици пријави од страна на лица кои се жалеа на непрофесионалниот и незаконскиот однос на СЈО. Сите овие дамки останаа без соодветен одговор. ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи незаконско и неуставно работење. Секој орган и секоја институција мора да делува во рамки на своите надлежности бидејќи никој не е над Уставот и законите. Нападите врз Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен за контрола на работењето на СЈО, секако не оди во прилог на градењето на кредибилитетот на СЈО, туку уште повеќе го подрива.
Ние и понатаму ќе промовираме нови проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места, а СДСМ може да продолжи да се обидува да промовира афери, манипулации и скандали. Ние ќе продолжиме да се бориме за стабилност и привлекување инвестиции, а тие нека продолжат да се обидуваат да конструираат кризи и тензии. Граѓаните на 24 април ќе го имаат последниот збор кога ќе треба да заокружат една од овие две понуди.Ова го вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за