Интервју со Адам Глигороски, претставник на Македонската федерација за дигање на теговиГлигороски, честитки, вие добивте диплома за сертифициран тренер под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет. За каква обука станува збор?
Станува збор за интернационална обука за развој на тренери од помалку развиени земји (International Coaching Enrichment Certificate Program – ICECP). Оваа обука која е спонзорирана од Меѓународниот Олимписки Комитет се одржува 7-ма година по ред и јас ја имав честа да бидам првиот Македонец кој ја посетувал обукава за тренер по дигање тегови.
Адам што претставува Олимписко дигање на тегови и како се развива овој спорт во Македонија?
Желбата на луѓето да докажат кој е појак и да ја покажат својата сила отсекогаш била присутна и претставува голем предизвик за многу спортисти. Поради ова Олимпиското дигање тегови е еден од првите спортови кој бил присутен на Олимписките игри. Ова е многу популарен спорт ширум светот но за жал кај нас во Македонија е се уште нов и неразвиен.
Кои се основните принципи на олимпиското дигање на тегови?
Олимпиското дигање тегови се состои од два елемента, првиот елемент се вика Исфрлување (Clean and Jerk) а вториот Потегнување (Snatch). Во двата елемента кои се различни помеѓу себе целта е иста да се подигне што поголема килажа во правилна форма. Постигнувањето на целта е многу тешко бидејќи во подигнувањето на тежината се користи скоро секој мускул од нашето тело.
Каква опрема е потребна за да се тренира?
За практикување на овој спорт како и секој друг е потребна пред се воља и спортски дух, а од опрема се потребни шипка, тегови, специјализиран дигачки под, дигачки патики и понекогаш каиш за заштита на рбетот.
Дали се потребни посебни услови за тренирање на дигање на тегови?
Потребна е сала со реквизити кои се специјализирани за дигање тегови: дигачки подови со соодветна раздалеченост помеѓу нив, опремата составена од шипки, тегови, патики и каиш, и некои додатни помагала како сталаци за тегови, опрема за масажа, рехабилитација итн.
Кој може да го тренира овој спорт, дали го тренираат и мажи и жени?
Ова е спорт кој го практикуваат и машкиот и женскиот пол на натпреварувачко ниво. Но и на рекреативно ниво не е само “машки” спорт. Дигањето тегови е спорт со доста висок интензитет и се активира буквално целото тело што е еден голем плус за оние што рекреативно сакаат да го оформат и затегнат своето тело.
Олимпиското дигање на тегови може да се применува и за базични припреми за други спортови. Што поточно значи тоа и За кои спортови се однесува?
Дигањето тегови е база во физичките припреми на голем број спортови. Скоро сите спортови во кои се употребуваат експлозивни движења го практикуваат дигањето тегови во нивната припрема. Фудбалот, кошарката, ракометот, атлетиката, гимнастиката, сите боречки спортови се едни од најпопуларните спортови што го практикуваат дигањето тегови или некои негови елементи.
За пошироката јавност дигање тегови може да изгледа како екстремен спорт?
Според некои научни истражувања овој спорт има најмал процент на повреди на натпреварувачко ниво. Ова можеби изгледа чудно за некој кој не се занимавал со овој спорт и мисли дека треба да се креваат огромни килажи наеднаш, но доколку се вежба со правилна форма и соодветна килажа овој спорт не е ни малку ризичен ниту екстремен.Глигороски, честитки, вие добивте диплома за сертифициран тренер под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет. За каква обука