Интервју со Анита Гај: „Лотус е парче мебел кое ќе даде надреална нишка и убран изглед во вашиот простор“

Анита Гај 1992 – 2013 графички и индустриски дизајнер, илустратор, арт директор има работено на многу препознатливи дизајни од флаери и постери, преку амбалажи и тетоважи за македонски производи до цели рекламни кампањи на автомобили, корпоративни идентитети и креатор препознатливиот имиџ на Fashion Weekend Skopje како и дел од организацијата. Lotus Lounge Chair е личен бренд на дизајнерот Анита Гај. Повеќе околу тоа прочитајте во интервјуто кое следи.Пулс 24: Од каде идејата да дизајнирате бинбег столици и желбата да произведувате?
Анита Гај: Ги сакам фабриките, бескрајните хали, сложените машини, нивниот звук, тешкиот мирис на машинско масло, севкупниот долг процес до крајот на лентата. Поточно, не знам дали повеќе ме воодушевувале фабриките поради процесот, продуктот или бескорисните производи од отпадоци кои ги правеше „малечката Јас“ во Партизанка, фабриката која беше мојот замок. И кога оваа детска љубов се спои со мојата дведецениска работа на полето на графичкиот и индустрискиот дизајн, (покрај многуте дизајнирани производи за други клиенти, ) логично беше раѓањето на мој производ корисен за сите генерации Lotus lounge Chair.
Пулс 24: Колку типови од Лотус досега имате реализирано?
Анита Гај: Додека ги испитував материјалите на самиот почеток, испробував различни форми, но откако сватив дека на овој производ само функцијата е најважна, се ограничив на 4 основни големини и форми Leaf, Bud, Yoga и Kid. Мене ми е најважен квалитетот а да дизајнираш квалитет е најтешкиот процес. Во ова ера на ефтино ѓубре, сакам да создадам производ, парче мебел кој ќе трае, а не играчка и бескорисен инвентар. Јас сеуште продолжувам да си играм истражуваќи  нови форми кој ќе задоволат поинакви потреби, така се појави Оригами и најновото најмало бебе Лотус кое нема име. Морам да спонам дека сите овие години Лотус соработува со најдобрите илустратори и дизајнери, од тие колаборации ќе ја спонам последната но не и прва соработка со Флим чии илустрации ќе ги видиме на новите празнични Лотуси

Пулс 24: Каде се може да се употребуваа Лотус?
Анита Гај: Константно ги поддржуваме сите културни настани за да ја докажеме неговата мултифункционалност и адаптација на просторот, условите, како и на возраста на публиката. Лотус во Куршумли Ан на МакеДокс и на Skopje Design Week, во МКЦ на Здраво Млади и Локомошан, на плоштад на Баскерфест, на Кале на Пиволенд, во Скопје Сити Мол, ТЦ.Соравиа, на детските работилници на Кидсфест, на плажа покрај Охридско, во снег на Шапка, покрај кеј, во парк… Во креативните соби на „Seavus“, Пубицис, Урбан Хостел и во многу други агенции и студија, во библиотеките на „Нова“, во бекстејџ на Моден викенд Скопје .. на разни перформанси и изложби.. Лотус е направен од две водоотпорни навлаки едната е внатре, а другата е надвор, водоотпорна и цврста со што се овозможува употрeба дома, во градина, покрај базен, на снег, на плажа, во повеќе бои брендирани или илустрирани.

 

Пулс 24:Колку во Македонија се барани ваквите производи, и дали на овие простори се исплати да се занимавте со ваква работа?
Анита Гај: Го сакаат сите штом ќе го сретнат, децата, момчињата, девојките дури и  жените со сите строги барања. Долго време е ентузиастички проект, оставен на тест точно 5 години. Не знам дали поради скептицизмот или поради цената, но на нашите купувачи им требаше долго време да почнат да веруваат во овој производ. Ова лето го изложив во Скопје Сити Мол и видовме дека овие години на присутност, брендот созреал. Лотус го препознаваат и среќни се што можат да си седнат. Ни претстои уште еден голем тест за да видиме колкав број Македонци знаат вистински да се опуштат и да го заменат постојаното традиционално седење со една полежерна варијанта. Впрочем, на почетокот на декември отвараме мал изложбен и продажен простор на првиот кат во Скопје Сити Мол.

Пулс 24:Дали Лотус столиците, покрај убавиот и префинет изглед, имаат и некакви медицински ефекти?
Анита Гај: Познати се одредени факти кај овој тип на производи, дека помагаат при проблем кај децата со учење, концентрација, фокус, аутизам, хиперактивност и одлични се за учење преку забава. Кај возрасните
важно е да се напомене дека Лотус добро го држи телото, неговата ергономичност го поддржува грбот и зглобовите и се оформува под вас.
Пулс 24: За крај еден совет до нашите читатели: Зошто Лотус столиците треба секој да ги има во својот дом?
Анита Гај: Затоа што Лотус е совршен избор  за релаксација после напорен ден истовремено за работа на компјутер, парче мебел со кое можете да правите се што ќе посакате. Опушено да потонете додека читате сами, играте во двојка или во прегратка гледате филм, перфектен е за во соба или за опуштање во градина, покрај базен и за релаксирани состаноци во канцеларија. Едноставно Лотус е мултифункционално парче мебел кое ќе даде надреална нишка и убран изглед во вашиот простор.Пулс 24: Од каде идејата да дизајнирате бинбег столици и желбата да произведувате?
Анита Гај: Ги сакам фа

Пронајдете не на следниве мрежи: