Интервју со Будимир Кајевик, сопственик и технички козметичар на органска козметика на Салон за органска козметика Life CosmeticsПулс24: Зошто се потребни органски холистички терапевтски третмани на телото?
Будимир Кајевик: Потребата се појавува во моментот кога ќе сфатиме дека сме далеку од природата, денешниот човек е оддалечен и отуѓен од мајката природа и самиот создава некаква си нејзина имитација, која се рефлектира негативно врз него. Во минатото (и тоа не толку далечното минато) ова прашање и не постоело, бидејќи човекот живеел, ја користел, комуницирал, се хранел и се негувал со природата.
Пулс24: Интересно е дека вие работите преку различни масажи, ќе можете ли да ни ги кажете најефективните масажи за мажи и жени кои можат да го регенерираат телото во ова време на брзо темпо на живеење?
Будимир Кајевик: Масажите што ги работиме припаѓаат во групата на т.н. традиционални народни масажи, кои пак се развивани и усовршувани од страна на човекот низ вековите. Најдобар ефект од масажата добиваме кога знаеме точно што ни е потребно, а тоа пак е зависно од нашето расположение и од комплетната наша психофизичка состојба. Особено би ја издвоил Ремедиал рестарт масажата, која што претставува комбинација од неколку врвни масажи и секој клиент што еднаш ја пробал, повторно ја бара истата масажа следниот пат.
Пулс24: Што е важно да се примени во текот на една масажа за клиентот да биде комплетно опуштен и на крај – задоволен?
Будимир Кајевик: Најважното за една добра и ефективна масажа е масерот-терапевт да поседува добра енергија што ќе ја пренесе на клиентот и самиот тој да ужива во масажата исто толку колку што ќе ужива и клиентот. Сликовито прикажано, вистинската ефективна масажа наликува на танц од двајца. Пред почетокот на масажата пожелно е клиентот да го исклучи мобилниот телефон, да легне на масажниот стол и да ги остави сите грижи зад себе, да заборави на сѐ, да се концентрира на својот внатрешен свет, да го наслушне пулсирањето на крвта низ телото и ритамот на срцето, да го смири умот, да дише длабоко.
Пулс24: Какви типови на третмани на лице имате? Зошто е потребно да се негува лицето?
Будимир Кајевик: Типот на третманот зависи од типот на кожата и од моменталната состојба и потреба која може веднаш да се „прочита“ од самата кожа на клиентот. Најчесто применувани се третманот за чистење за проблематична кожа, како и третманот против стареење, за „бришење“ на брчките, за подмладување и за подигање на тонусот на кожата од лицето. Прво што забележуваме кај некој човек е лицето, тоа е нашата визит-карта во комуникацијата со светот, затоа се јавува и потребата да имаме негувано, убаво и витално лице, но најважно е нашето лично чуство и самодовербата што ја зрачиме кога ќе се погледнеме во огледалото и ќе видиме едно претставително, негувано и здраво лице.
Пулс24: Жените се тие кои повеќе посветуваат внимание на себе, додека мажите помалку, колку и какви барања имаат?
Будимир Кајевик: Општопознат е фактот дека жените уште од многу одамна посветувале огромно внимание и време за грижата и негата на лицето и телото, но во последно време сѐ повеќе истата потреба и грижата за нега се зголемува и кај мажите. Неодамна во Франција е спроведена анкета за тоа кои козметички препарати се најпродавани на пазарот и резултатите од таа анкета се изненадувачки – машката козметика била најпродавана, што само по себе е доказ дека и современите мажи ги менуваат потребите и почнуваат сѐ повеќе да се грижат за себе, за своето здравје и изглед.
Пулс24: Медова депилација со одбрани природни и органски состојки, во што се разликува од останатите депилации?
Будимир Кајевик: Медовата или Клеопатра-депилацијата е древна депилација уште од времето на египетската кралица Клеопатра. Разликата е во тоа што оваа депилација е целосно природна по својот состав, вклучувајќи здрави природни состојки како мед, нерафиниран шеќер, лимон. Клеопатра-депилацијата е одлична затоа што го следи растот на влакното и не му дозволува да срасне внатре во кожата и прави одличен пилинг на кожата, а со тоа истовремено и ја негува.
Пулс24: Која беше идејата за да се отвори салон со органска козметика?
Будимир Кајевик: На пазарот кај нас и пошироко, се повеќе и повеќе е барана органската и природна козметика и лично сметам дека токму таа е иднината на козметичката индустрија. Љубовта и работата кон органската козметика ја негувам, ја истражувам и ја развивам веќе дваесет години и дојдов до идејата за отворање на салон за алтернативна козметика, токму затоа што кај нас таков салон недостасуваше веќе подолго време. Имено и самото име на салонот – LifeCosmetic – во превод значи жива козметика, всушност ние сме продолжение на здравата исхрана, на макробиотиката, на живата храна. Негата на човекот пред сѐ започнува од внатре и продолжува и е видлива и однадвор, препаратите кои што ги користиме слободно може и да се јадат. Нашето мото е дека ако не се јадат, не се добри ни за кожата, која претставува најголем орган во нашето тело и 50 % од сѐ што ќе аплицираме на неа, ќе влезе и во нашиот крвоток. Можам да кажам дека LifeCosmetic претставува продолжение на здравата исхрана и на здравиот начин на живот.
Пулс24: Зошто се потребни органски холистички терапевтски третмани на телото?
Будимир Кајевик: Потребата