За пресадување на брадата и веѓите како тренд во Европа разговараме со Д-р Елена Арсова, трихолог во 101 Hair Clinic од Македонија и Д-р Илкер Апајдин, хирург за пластична и рекоструктивна хирургија во New Age Clinic од Турција.Д-р Арсова, зошто мажите се заинтересирани за пресадување на брадата?
Д-р Елена Арсова: Мажите чувствуваат дека косата и брадата им се значајни аспекти на нивниот естетски интегритет и самодоверба. Густата брада и коса се знак на мажественост и потенција па дури и чувство на моќ. Но исто така и трендовите почнувајќи некаде од 2011 година налагаат носење брада. Хипстерскиот изглед е прилично застапен во последните години а брадата е неизбежен детал. Но и Моевмври како кампања за машкото здравје исто така имаше релативно влијание.
Д-р Ајпадин што значи всушност трансплантација на брада, мустаќи и бакенбарди ?
Д-р Илкер Ајпадин: Трансплантација на брада и мустаќи претставува дермална екстракција (вадење) на влакнени фоликули од задниот, окципиталниот дел на скалпот меѓу ушите, и дермална имплантација на овие фоликули во проретчениот дел на брадата, мустаќите.
Кој е потенцијален кандидат за трансплантација на брада или мустаќи?
Д-р Илкер Ајпадин: Секоја личност која има доволно влакнени фоликули во донорската зона,задниот дел на скалпот помеѓу ушите, може да има трансплантација на брада-мустаќи. Мажи кои имаат зони без влакна во регијата на брадата и мустаќите или кои имаат ретка брада може даимаат трансплантација. Освен од естетски причини, трансплантација на брада може да се изведе и кај мажи кои имаат лузни на лицето како резултат на акни, опекотини, инцизии, со цел да се покријат тие лузни.
Д-р Арсова, а пресадување на веѓи? Кој е заинтересиран за оваа интервенција?
Д-р Елена Арсова: Личностите кои имаат тенки веѓи поради медицински причини хипотироидизам, лузни, опекотини или предолго чупање на веѓите, или се незадоволни од нивната формата можат да имаат трансплантација на веѓи.
За жените формата на веѓите е многу битна за целокупниот изглед на лицето и очите и се прилично доминантна карактеристика на лицето. Ако очите се огледало на душата , веѓите се нивна рамка. А жените посветуваат многу време на негата и обликувањето на веѓите.
И повторно трендовите наметнуваат различна форма и густина на веѓите. Ако порано ги истенчувавме веѓите , сега сакаме да ги носиме погусти.
Откако се појави ФУЕ методата на екстракција на фоликули се отвори можноста за трансплантација на веѓи кои жените навистина ја користат за да го добијат посакуваната густина и форма на веѓи.
Докторе како се изведува пресадувањето на веѓите?
Д-р Илкер Ајпадин: Пресадување на веѓи се состои од дермална екстрација на влакнени фоликули-кои се генетски отпорни на ослабнување-лоцирани во задниот дел на скалпот меѓу ушите, и дермална трансплантација на тие фоликули на проретчениот дел од веѓите.
Ќе може ли детално да ни објасните за процедурата на ФУЕ трансплантација на веѓите?
Д-р Илкер Ајпадин Во тек на консултацијата со пациентот пред операција, се одредува формата на веѓите. Операцијата на трансплантација се спроведува под локална анестезија и пациентот е буден вотек на операцијата. Пациентот може да се врати на секојдневните животни обврски веднаш после процедурата која трае 1-2 саати. Во следните неколку дена постои благо црвенило и лушпи во реципиентното место кое ќе заздрави за 5-7 дена. Растот на веѓите е постепен процес. Почнуваат да растат во првиот месец после трансплантацијата а целосно израснуваат за 6-8 месеци.
Кои аспекти треба да се земат во предвид кај ФУЕ трансплантацијата на веѓи?
Д-р Илкер Ајпадин: Изборот на влакнените фоликули за трансплантација на веѓи е многу значаен за да крајниот резултат биде природен изглед. ФУЕ техниката едиснтвено овозможува да се трансплантираат графтови кои се фини, нежни и содржат по едно влакно . Екстрахираните фоликули внимателно се инсерираат во микроканали кои се подготвени со голема грижа за да не останат лузни. Каналчињата за инсерција се распоредени соодветно на формата на веѓите а влакнените фоликули се имплантираат согласно на ориентацијата на постоечките влакна на веѓите и нивната ангулацијата према кожата. Само искусен хирург може да обезбеди оптимален краен резултат.
Д-р Арсова колку фоликули се трансплантираат при трансплантацијата на веѓи?
Д-р Eлена Арсова: Бројот на фоликули кои се трансплантираат зависи од степенот на проретчување на вегјите и од реципиентното место одредено од пациентот. Во просек 500-700 фоликули се пресадуваат.
За крај би сакале да ве прашаме колку трансплантацијата на веѓи и брада дава трајни резултати?
Д-р Елена Арсова: Да, влакната кои растат после трансплантацијата се трајни. Тие продолжуваат да растат доживотно и не се разликуваат од влакната на природната брада и веѓи.
Д-р Арсова, зошто мажите се заинтересирани за пресадување на брадата?
Д-р Елена Арсова: Мажите чувству