Многу експерти се сложуваат дека здравите нокти се одраз на здраво тело. Доколку сте забележале некои промени на нив, се вели дека тоа укажува дека има недостаток на витамини или некое внатрешно заболување.Пулс24: Д-р Пешевска, сите знаеме како изгледаат здрави нокти. Многу често кршливоста и раслојувањето на ноктите се јавува како симптом. Дали кршливоста на ноктите укажува на некој недостаток на витамини или на некое внатрешно заболување?
Д-р Марина Пешевска: Кршливоста и разделувањето на ноктите во слоеви се јавува кај околу 20 проценти од популацијата. Некои здравствени состојби предизвикуваат разделување на ноктите на рацете и нозете, но доколку се афектирани само ноктите на рацете тогаш причината треба да се бара во некое надворешно влијание врз ноктите. Надворешни фактори кои влијаат врз ноктите се:
Водата – постојаната работа со вода или пак недостаток на влажност во воздухот односно постојан престој во климатизирани простории предизвикува кршливост и раздвојување на ноктите.
Затоа добро е да се носат гумени ракавици при работа со вода и да се користат препарати за нега и хидратација на ноктите.
Постојана траумана – хронична траума на ноктите при работа може да предизвика кршливост и раздвојување на ноктите. Луѓето кои се изложени на ваков тип на трауми добро е да ги носат ноктите пократки како би ги заштитиле од оштетување.
Хемиски агенси – постојаното користење на обоени лакови за нокти како и отстранувачи на лакови кои содржат ацетон, предизвикува дехидрирање на ноктите а со тоа и кршливост на ноктите. За да се избегне оштетувањето на ноктите потребно е да се користат и протективни лакови и производи за нега на ноктите.
Пулс24: Кои се внатрешните фактори кои можат да предизвикаат раслојување на ноктите?
Д-р Марина Пешевска: Тука спаѓаат одредени болести и состојби на организмот како што се: хипотироидизам-намалена функција на тироидната жлезда може да предизвика раздвојување и кршливост на ноктите. Дел од симптомите при хипотироидизам се: малаксаност, нагло добивање на тежина, сува кожа. Доколку ги имате овие симпотоми а во исто време имате кршливи нокти добро е да се консултирате со вашиот лекар,интернист. Железодефицитна анемија-недостатокот на железо во крвта односно железо дефицитната анемија се манифестира со бледило на кожата,слабост, малаксаност, главоболки и кршливост на ноктите. Длабока анемија може да се манифестира и со коилонихија (лажичести нокти), така што при појава на вакви симптоми добро е да се провери крвната слика.
Пулс24: Кои се другите промени на ноктите освен раслојување и кршење на ноктите кои можат да се појават како резултат на внатрешни заболувања?
Д-р Марина Пешевска: Постојат повеќе заболувања кои можат да предизвикаат промени на ноктите, тие се најчесто хронични и промените што ги предизвикуваат на ноктите се најчесто иреверзибилни. Би набројала некои од нив: барабанчести прсти (clubbing) – ноктите се извиткани на крај,па прстите личат на удиралки за тапан. Вака променети нокти се среќаваат кај луѓе со бубрежни, кардиоваскуларни, дробни заболувања и СИДА. Бели нокти( leuconychia) – ноктите се млечно бели или со млечно бели дамки, наместо розеникави и проѕирни.
Последица се на труење со арсен,бубрежна инсуфициенција, дробна инфекција, хипоалбуминемија. Синдром на жолти нокти( yellow nail syndrome) – ноктите се жолти,тенки,растат бавно. Се јавуваат често кај луѓе со хронични бронхити, бубрежни болести, лимфедеми. Вдлабувања и нерамнини на ноктите (pitting and rippling) – вака променети нокти може да се сретнат кај луѓе со: псоријаза, алопеција ареата, кај некои видови егземи.
Пулс24: Овие промени на ноктите се јавуваат ли често и кои се најчестите болести на ноктите со кои се среќавате секојдневно и како се манифестираат тие?
Д-р Марина Пешевска: За среќа овие промени на ноктите не се толку чести. Најчести болести или болести со кои се среќавам секојдневно се габичните инфекции на ноктите. Ноктот кој е заболен од габична инфекција најпрво почнува да ја менува бојата од розеникав и провиден,станува млечно бел до жолтозелен и заматен. Потоа како што напредува инфекцијата ноктот почнува да се задебелува, може да се рони или да јават напречни пукнатини итн.
Пулс24: Ако габичната инфекција е најфреквентна можете ли да ни ги објасните причините зошто се појавува?
Д-р Марина Пешевска: Најчести причинители на габичните инфекции се дерматофитите, односно група на габи што го напаѓаат површинскиот слој на ноктите, потоа недерматофитите и останатите ги предизвикуваат квасници. Меѓутоа за да овие габички прекумерно се развијат и да предизвикаат болест, потребно е да се создадат услови.
– постојано механичко оштетување на ноктите при работа и работа со вода, во кујни, перални, грицкање на нокти.
– постојани трауматски повреди на ноктите предизвикани од тесни и несоодветни обувки, потење на нозете
– други болести како: дијабет, псоријаза, СИДА и други имунокомпромитирачки состојби.
Пулс24: Како се пренесува габичната инфекција?
Д-р Марина Пешевска: Кога станува збор за инфективно заболување, многу е важно лицето кое веќе има габична инфекција да не менува обувки, како и прибор за сечење нокти со лица кои не се заболени. Исто така, треба да се внимава кога се посетуваат јавни базени, користат тушеви, соблекувални тие се условно кажано „опасните места“. Но сепак самиот контакт со инфективниот агенс не е доволен, потребно е да се создадат и претходно наведените услови: повреда на ноктот и топла и влажна средина.
Пулс24: Кои се современите методи за третман на габичната инфекција на ноктите?
Д-р Марина Пешевска: До сега, најмногу се користеа како системски така и локално антимикотски препарати. Меѓутоа се покажа дека оралната терапија има многу несакани ефекти како што е хепатотоксичноста што значи дека се многу штетни за црниот дроб а притоа крајните ефекти не се секогаш поволни. Нашиот пристап се разликува во тоа што е исклучиво локален и нашите производи се сосема природни,немаат никакви нусефекти и може да се користат на било која возраст. Самите производи всушност содржат интелигентни микроорганизми кои се хранат со габичките од ноктите и потоа исчезнуваат.
Пулс24: Се лекува ли габичната инфекција и какви превентивни мерки треба да се превземат за да се спречи повторна појава на инфекција?
Д-р Марина Пешевска: Да, се лекува, но многу често лекувањето трае долго,посебно ако станува збор за инфекција во напреднат стадиум. Кај ноктите на нозете лекувањето може да трае и до една година бидејќи ноктите растат бавно. Ноктите на нозете растат еден милиметар месечно кога се здрави, а кога се заболени може и воопшто да не растат а третманот трае додека не израсне здрав нокт. Многу често се јавува и повторна инфекција на ноктите, затоа превенцијата е многу важна и по излекувањето.
Важно е да се избегнуваат колку е возможно трауми на ноктите,да се носат удобни обувки изработени од природни материјали,кои ќе и овозможат на ногата да се вентилира. Да се избегнуваат чорапи од синтетика, повеќе да се носат памучни чорапи што апсорбираат влага, ако има зголемено потење да се користи талк и да се менуваат чорапите почесто, доколку е потребно и неколку пати во денот.
Пулс24: Д-р Марина, кој повеќе внимава на ноктите мажите или жените?
Д-р Марина Пешевска: Факт е дека жените се тие кои најмногу внимаваат и кога има проблем, што станува за мажите. Така е обично жените се тие што повеќе внимаваат на ноктите, бидејќи промените на ноктите пред се им претставуваат естетски отколку здравствен проблем, но не можам да кажам дека и мажите не се грижат за своите нокти. Сепак она што е важно да се знае дека без разлика дали станува збор за мажите или жените е дека треба да се посети лекар при појава на првите промени на ноктите, така се скратува времето на лекување и се постигнуваат подобри резултати.
Пулс24: Д-р Пешевска, сите знаеме како изгледаат здрави нокти. Многу често кршливоста и раслојувањето на ноктите се јавува како симптом. Да