Очигледно е дека тајната служба продолжила да работи во интерес на тогашната номенклатура на власт која ги користела услугите на тајната служба како да се едно и исто, што не било дозволено, вели Петровски. Секој што имал поинаква визија за Македонија од онаа што била насилно наметната бил ставен на листа на отстрел и било отворено досие. За жал, голем број од тие досиеја се уништени и останува енигма каде се над 120.000 досиеја. Меѓу тие што недостасуваат е и дел од досието „Темел“ на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Ова во интервју за Телеграф.мк го вели Филип Петровски, директор на Државниот архив, откако по објавувањето на едицијата посветена на дејствувањето на УДБА во Македонија се крена голема врева како во медиумите така и кај политичарите кои се споменуваат дека биле дел од тајните служби во поранешниот систем.
Петровски нагласува дека е неверојатно дека службата продолжила да работи и по независноста на Македонија и по воведувањето демократскиот систем, кога стана забрането да се нарушуваат човековите права.
– Видни поединци, основачи на ВМРО-ДПМНЕ, оперативци, луѓе кои се занимавале со теренска работа, седиштето на партијата, претседателот на партијата, членови на Извршниот комитет, подмладокот биле на мета на тајната служба. Очигледно е дека тајната служба продолжила да работи во интерес на тогашната номенклатура на власт која ги користела услугите на тајната служба како да се едно и исто, што не било дозволено – вели Петровски.
Јасно е, вели Петровски, дека следењето продолжило и по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 1998 година кога министер е Павле Трајанов и со тоа се покажало системската неспремност на партијата да навлезе поподготвено во службите кога четири месеци по доаѓањето на власт шеф на тајната служба беше од претходната номенклатура.
– Уште пострашно е ако министерот не знае што се случува во Министерството и во тајните служби, а тоа значи дека тајните служби или работат сами за себе или имаат друг газда. Тоа се покажа во примерот со Верушевски кога практично имаме случај на интервенција од странски служби кои пенетрираат во оваа служба и за одредени финансиски средства вработените кои треба да ги чуваат македонските национални интереси ги преземаат и ги користат за свои потреби. Ако било така што министерот не знаел, тогаш покажува дека се работи за некомпетенција – додава Петровски.
Погледнете го целото интервју.
Преземено од Телеграф.мк
Пронајдете не на следниве мрежи: