Ирена Стормборн е млада амбициозна девојка, која веќе неколку години е фото-модел. Ирена Стормборн е млада амбициозна девојка, која веќе неколку години е фото-модел.
Зад себе има многу учества, а пред помалку од една година, е дел од големото семејството на модната куќа Елена Лука. Нејзиниот атрактивен изглед ветува светла иднина.
Галеријата од македонскиот модел Ирена Стормборн може да ја погледнете на следниот ЛИНК.
1. Како и зошто Ирена реши да стане фото-модел?
Идејата да застанам пред објектив се роди пред неколкугодини, додека јас и мојот драг пријател, фотографот Дарко Мораитов, едно претпладне седевме во еден од локалите на улица Ленинова и потпивнувавме кафе низ опуштен разговор. Веќе после неколку дена се појавив на негов сет и сето тоа тогаш ми изгледаше доста интересно и возбудливо. Никогаш претходно не помислував дека ќе се најдам во таа улога. Беше тоа едно ново искуство за мене, нешто слично на глума додека фотоапаратот го овековечува моментот. Од тогаш, секој пат кога ќе застанам пред објектив се чувствувам како друга личност, секогаш различна, секогаш во нова приказна.
2. Каде се си учествувала до сега и дали може да издвоиш најинтересно учество?
После соработката со Дарко Маратов за неговата самостојна изложба, следуваше уште еден наш заеднички проект, едиторијал за модниот бренд Дума за колекцијата Dandification есен/зима 2011. Па следуваше подолга пауза со повремени понуди за ангажман од кои ни една не беше доволно интересна и креативна за да ми го привлече вниманието.
Пред помалку од една година, станав дел од големото семејството на модната куќа Елена Лука и повторно застанав пред објективот.
Од тогаш, да бидам фото модел за мене е секојдневие. Со оглед на тоа што позади мене стои тим од професионалци кои работат со полна пареа, секојдневно имa модели кои треба да се презентираат. На мое големо задоволство, организацијата е одлична. Покрај толку дизајнери, фризери, шминкери, фотографи и маркетинг-менаџери кои работат за да се добие финалниот производ, мене ми останува само да се забавувам додека работам.
3. Како го поминуваш своето слободно време?
Поради работните обврски се помалку имам слободно време, но тоа што можам да го оддвојам, се трудам да го потрошам квалитетно, со луѓето што ги сакам. Вежбам фитнес од време на време, но морам да признаам дека сум голем ескиватор. Има периоди кога многу често излегувам во град, но има и такви периоди кога се повлекувам и си посветувам време на себе.
4.Која книга или филм би им го препорачала на нашите читатели?
Сакам да читам и не ретко ми се случва да заглавам во некоја продавница за книги и како мало дете да не знам која книга поправо да ја земам. Меша Селимович е авторот кој ме фасцинира со секое негово дело и секој пат одново метера да ја сфатам суштината на постоењето и колку нештата изгледаат мали кога човек е голем во себе.
Кога станува збор за филм, најчесто гледам филмови или серии кои опфаќаат делови од историјата. Секогаш ми е интересно да видам како се однесувале луѓето во минатото, како се облекувале, начинот на живот во одреден временски период…
5. Каде Ирена се гледа во иднина?
Одлично се чувствувам тука и засега немам потреба да размислувам за било каква промена. Сакам да патувам, но секогаш сакам да се вратам дома. Кога ќе пораснам сакам да живеам на море, некаде на Јадранот. Мојот темперамент не дозволува да биде заробен во некакви долгорочни планови за иднината зошто секој нов ден за мене е нова шанса, нов хоризонт кој се отвара пред мене и никој не знае што следи. Секогаш се обидувам да го извлечам најдоброто од секоја ситуација и да го дадам најдоброто од себе, но пред се, да останам човек со сите вредности кои овој збор ги содржи во себе.Ирена Стормборн е млада амбициозна девојка, која веќе неколку години е фото-модел.
Зад себе има многу учества, а пред помалку од една