Интервју со Ивана Јованоска – љубеничка на модата и уметноста

Млада, креативна и амбициозна, Ивана Јованоска е огромен љубител на модата и воопшто на уметноста. Таа има завршено средно образование по моден дизајн, а инаку е дипломиран правник. Овој пресврт во образованието не ја спречи повторно да се врати на својата прва љубов – модата, поради што се најде и како дебитант во  оваа деветта на сезона на Fashion Week во Скопје, каде ќе се претстави за прв пат.За колекцијата “Pure vision” пролет/лето 2014 е прикажан подвигот на жената за доминација и истата е инспирирана  од потребта за гламурозен, софистициран и моќен изглед. Јасните контури на линијата ја истакнуваат уникатната женска  плленитост споени во нежна а истовремено и силна појава, која ја симболизира  природната убаввина на женскиот пол. Златната боја која е прикажана во преден план е симбол за вредноста и префинетоста кај жената,додека останатите нијанси на нежни бои ја оцртуваат онаа убавина која секоја жена ја прави да биде поонежната половина.Главната мотивација која помогна да се создаде оваа линија всушност е и контраста во секоја жена поединечно, како и уникатноста и разноликата убавина кај секоја една од нив.
Пулс24: Од каде Ивана ја доби желбата да се занимава со модата и да стане она што всушност денес е- модна дизајнерка?
Јас од секогаш сум била љубител на модата, постепено се надградував себе си на тоа поле и сметав дека ова е вистинскиот момент да се претставам пред јавноста.
Пулс24: Секој моден креатор има своја карактристика во работата која го прави различен од другите.Откријте ни што е она по што е препознатлив вашиот стил на работа?
Мојот стил на работа  се  трудам да го доведам до степен, секоја жена да може да се препознае во одредено парче гардероба.

Пулс24: Какви материјали најчесто користите во вашите креации и на кој начин ги комбинирате боите?
Најчесто користам материјали во кои телото ќе може да се чувствува удобно а боите ги комбинирам според сезоната, меѓутоа гледам да не бидат драстични, односно да бидат во еден спектар на нијанси.
Пулс24: Од каде црпите инспирација за оваа работа и какви емоции сакате да побудите со истата во модната јавност и воопшто на пазарот?
Инспирацијата ја црпам од секјдневито и од галантните работи кај една жена,од културниот и дамски начин на изразување со говор, покрети,гестикулации односно од самиот бонтон на однесување. Во модната јавност сакам да побудам емоции кај жената да се чувствува квалитетно и со висок степен на самодоверба и самопочитување.

 
Пулс24: Каде Ивана се гледа во иднина, дали можеби планнира да се пробие надвор од границите на Македонија?
Во иднина се гледам и надвор од нашите граници, но оставам работите да се одвиваат чекор по чекор,таков е и самиот мој концепт на работа.Пред се сакам да се покажам кај нас и во иднина да придонесам во мојата татковина преку хуманитарни дела- ревии и со самото купено модно парче гардероба дел финансиите да бидат наменети за хуманитарнии цели.
Пулс24: Која домашна а која звезда од странската сцена би сакале да ја видите во вашата колекција?
Од домашните звезди не сум размислувала која би сакала да ја видам во моја креација,а странска звезда која би сакала да ја видам во моја креација,исто така која е моја муза и инспирација и ги поседува сите женски квалитети тоа е Моника Белучи.

Пулс24: Какви се вашите очекувања од оваа деветта сезона од FWSK?
Со тоа што познати и докажани  имиња ќе учествуваат во оваа сезона, моите очекувања се на највисоко ниво.
Пулс24: И за крај, еден моден совет од вас за нашите читатели: Што е она што секоја девојка мора да го има во својот гардеробер оваа сезона?
Пред се секоја девојка треба да има модно парче кое е актуелно, меѓутоа истовремено во кое ќе се чувствува удобно.
Ќе додадам уште една препорака и совет за женскиот пол- зависно од пригодата и модниот стил,секоја жена треба да ги има на себе високите потпетици, бидејќи тоа е еден  битен детал  со кој се истакнувва женственоста.За колекцијата “Pure vision” пролет/лето 2014 е прикажан подвигот на жената за доминација и истата е инспирирана  од потребта за г

Пронајдете не на следниве мрежи: