Ви го пренесуваме во целост интервјуто со Јанко Илковски кое го подготви порталот Лоза.
Повеќе од две децении се занимавате со новинарство, што ве инспирираше да започнете?
Во осумдесетите и 90-те бев диџеј навечер, а преку ден се занимавав со бизнис и трговија. Воспитан од чесни родители во средината на 90-те требаше да бирам дали да останам во бизнис или нешто друго. За жал, во бизнисот беше единствено можно да се опстане само ако си со криминоген ум, значи да подмитуваш, лажеш, крадеш, а како што ви кажав – јас сум потполно осакатен од таков начин на работа, па се вратив на мојата прва љубов – радиото. Првин како музички новинар кој се повеќе ги коментираше актуелните настани и еве ме, воала. Не дека и новинарството кај нас е чесно, но имам можност и се изборив сам да креирам како и со кои ставови ќе настапувам.
Дали и колку начинот на живот во Скопје е променет во последните неколку децении?
Да, и не само кај нас, насекаде низ Европа. Она што беше безгрижно играње “ташак”, патување со ранец со месеци низ Европа и Балканот без и да знаат твоите кај си, па тоа што ќе добиеа некоја разгледница од Нова Градишка 15 дена откако ќе се вратиш, оти таму си бил на крцкање едри словенки, не ги загрижуваше воопшто. Тој филинг го изгуби Европа, а и светот, една силна позитивна енергија која го достигна својот врв во 80-те. Скопје беше балкански центар на ноќниот живот, но откако олигарсите и рамковните се ујдисаа, откако пола милион луѓе пострадаа заради приватизацијата народот се изѕвери и сè ојде јабана. И денес има добри шеми, но далеку е од масовноста и траењeто (до сабајле) кое беше до средината на 90-те. Јас паметам во петок навечер да влезам во диџејската кабина, а да завршам со работа во недела сабајле. Од цел Балкан доаѓаа во Скопје на провод и бурек, алкохол и ени, блуд и разврат ама без негативна енергија, без убиства, рекети и слично. Откако презедоа “куртони” се урнисаа и така се замре, со последниот нож откако се забрани ноќен живот после 12 часот, одлуката ја донесе, паметам Хари Костов некаде во 2002 или 2003 заради убиство на едно дете. Секако, на прв поглед оправдано, но ги саниравме последиците, а не причините. зошто толку многу оружје и насилство се влеа во општеството. Е тука он и неговите компањони сегашни опозиционери, најмногу кумуваа. За денешната шема ќе прашаш некој после 10 години 🙂 Извини можеби имаше намера да ме прашуваш на некоја “друга рамнина” но јас си ја затерав водата на воденицата која мене најубаво ми меле – ноќниот живот.
На какво мнение сте за сегашното ниво на слобода на говор и независно новинарство во Република Македонија?
Слобода на говор имало и има, инаку “ручки од тупани ќе правевте интервју”. Да немаше слобода на говор немаше да не тормозат со воајеризам а-ла бомби, цела година по секакви ликсур- медиуми новинарите се пупат за добра пара кај јуесеид и кај Сорос и сега мене ме прашуваш… хахах се чувствувам слободен но имам задршки … што од пристојност, што од калкулација што не сакам да одработувам за дебили кои му мислат лошо на народот и земјата. За разлика од бензинопумпашаката ТВ која демагошки трескаше црвен телефон, јас јавно повикувам политичари, министри, стручњаци и народ, ама секој да ми се јавува и меша во работата, да ми бараат да зборам за ова или она, да ме тераат да отворам теми. Да, има слобода, проблемот е на оние што имаат агенди, таа слобода им смета затоа што некој ќе им го наруши ставот и играта која се обидуваат да ни ја продададт.
Кои од македонските новинари имаат повлијаено на начинот на вашата работа, и кои од помладите имаат израз кој вам ви се допаѓа?
Моите примери ги имам земано од надвор – Реј Кукс или Лари Кинг, но ако одвојам некој посебно тоа би бил Солдатов, спортски новинар кој меѓу три реда, на квантно ниво, знаеше да протне нешто што беше просто незамисливо во тоталитаристичкото време, респект за него.
Од помладите Цветин Чилиманов, сега, моментално е во топ форма и само читајте ги неговите твитер и фб статуси – едноставно е брилијантен, секако во мигов вади и најпрофесионални текстови за МИА, фантастично го владее и јазикот и уште подобро го знае теркот на протоколот и коресподенцијата што за нашиве квази новинари е мисловна именка. Ме одушевува неговиот процес на конструкција на ставот. Да, дечкото има став и тоа го прави на легитимен, културен и професионален начин.
Во архивата на ГЛАС која внимателно ја чуваме, најдовме ваши текстови од крајот на 90тите, уште тогаш сте пишувале за развојот на технологијата. Дали и колку модерните технологии ни го олеснуваат животот, или се случува спротивното?
ВМРО-вците одмна ме сакаат во своите редови, но никако да земам партиска книшка бидејќи немам намера да станам член. Сепак јас се крстив во црква и тоа е мојата партија. Ми понудија да пишувам за Глас и објавувам научни текстови од популарната наука, компјутерската и мобилната технологија, едноставно го пополнував ревијалниот простор. Остај друго, добро плаќаа, не е да одбиеш кога некој те кани и ти вика – “пишувај за што сакаш” – сепак е слобода која ретко кој ти ја дава. Инаку, за технологијата – денес се случува она што се случува кај секој опозитивен процес во цивилизацијата, па така и во технологијата – преголема масовност и презаситување, уште малку кај девојките ќе престане да значи некаков статус новиот ајфон и и нови модели ќе се вадат повеќе ама ефектот ќе биде послаб. Социјалните мрежи полека се презаситуваат и сите сега ја откриваат и лошата страна. Добрите ги знаеме, но не би ги потенцирал, но лошите хааа … еве еден еклатантен…
Еве на пример, Ванковска е најдобар пример на тоа дека на социјалните мржи не може да им се верува и дека на еден реален има 30 лажни профила. Имено, тета Биби се понесе од огромната поддршка која ја доби на ФБ да се кандидира за претседател на РМ пред неколку години. Толку многу лајкови, допаѓања, поддршка доби жената колку што Иванов немаше гласови добиено (карикирам) и на крај жената не успеа ни цензус гласови да влезе во трката. Уште полошо помина Стојанче Ангелов, буквално истата финта. Така што реалноста таму полека ќе се согледува, но фб и твитер силно ќе бидат врзани со нас и уште долго ќе ги има, како фиксниот телефон, но еден ден ќе исчезнат, и ќе ги замени нешто друго … што никој не знае, а ако прочитате некое предвидување, не верувајте ама баш никој не знае што утре ќе стане меинстрим. Најголемата глупост беше дека мобилните ќе исчезнеле за 6 години, напишал некој и сите портали како недоветни пренесуваат непроверена вест.
Со оглед на тоа што сите сме соочени со опасните болести на новото време и лошите лекови за ублажување на истите, си земам за право да прашам – дали канабисот, или конопот – според нашите стари, треба да се декриминализира или ограничи за медицинска употреба?
Маслото треба да се продава и нема зошто да се брани, крај. За користење на канабисот јас сум за дебата, сакам дебата од релевантни фаци, доктори, професори, стручњаци, а не читачи и гледачи на јутјуби, фејсбук, кои откако изгледале два документарци иградиле став. Се работи за сериозна тема а не ”ку*ташак” играње на твитер или јутјуб. Да, сакам дебата и побрзо нека се легализира за да престанат квази стручњаците да нè гушат. Жално е што како и секогаш, на крај ќе се увиди, како и за секој друг лек, дека не лечи сè и не е решение за секој рак. Но, има таму и други агенди, да се демистифицира и декриминализира, па да се легализира неговата употреба за уживање, а не лечење. Да, сум за легализација, но во медицински цели, под лекарска контрола а не отворање кофи шопoви.
Вашата емисија има големо влијание во македонската јавност, дали се соочувате со притисоци од различни структури?
Не, навистина, освен лудаци кои се умислуваат дека се нешто, а не знаат да си ја прочитаат дијагнозата, генерално многу лесно се носам со сè. Политичарите се многу толерантни дури и да не сте на нивна страна, од друга естрадната сцена е преполна со дегенерици кои ништо не прават и ако ги си критикувал одма те носат и малтретираат по судови. Немаш поим која багра е тоа, со чесни исклучоци. Но, тоа е така бидејќи се некадарни, неталентирани и немаат албуми и концерти, на 5 години еден спот и ако некој писне против нив фрлаат пизми, музикофоб, гендерофоб, хомнофоб фоб доб блоб и сè што други глумејќи демек жртви на прогон оти некој се дрзнал да ги искритикува. Бљак ми се, не ги есапам, има нешто што вреди и тоа го кажувам во емисија, она што не го пуштам сметајте дека го сметам за ѓубре 🙂
Што би им порачале на амбасадорите на странските земји во Македонија?
Фер плеј, ве молам фер плеј! Вољата е Македонија да опстане, да не се менува името и идентитетот и да не се федерализира. Македонија Е Европа! Не може поинаку.
Ма не е проблем во нив, амбасадорите, проблем е во политичарите и новинарите и нивната сервилност кон нив. Они им даваат сила и простор така да делуваат врз нив, впрочем овие и мрсно ги плаќаат, па сега види…интересот е лукративен, а не идеолошко политички. Жалам што поддржуваат негативни и антимакедонски процеси во општеството. Се што е спротивно на здравиот разум, нормалниот начин на живот, секоја политика која е деструктивна доби од нив поддршка, оправдување и материјални средства, не е фер и жалам што е така, но и покрај тоа не можам да се откажам од бракот, семејството, црквата, името, идентитетот, едноставно другото ми е туѓо. А другото не го негирам, едноставно на лично ниво имам право да не го прифатам и тоа не наштетува никому. Бракот е заедница меѓу маж и жена, ако се смени денес, утре ќе биде и меѓу животни и други страшни перверзии, а слободата не значи перверзија. Дури и истополовите ќе си имаат законска заедница во која ќе си живеат, но тоа не може да се нарекува брак оти бракот е библиска категорија со јасно поставени постулати, се друго е симулакрум.
А за новинарите… Јас да сум амбасадор на пример на Кале, па сигурно би ги терал пред мене бистијално да оргијаат. И не би ги приморувал само би им посоветувал…а они тоа би го правеле, зошто? Комплексот на сервилност кој долго го имавме кон Белград и комплексот дека сме неспособни го заменивме со Брисел и амабсадите. Кога ние би биле подостоинствени и они би се однесувале кон нас со пиетет. Вака, не заслужуваме респект од нивна страна, они само уживаат во нашата понизност и лакејски менталитет.
Како ги гледате моменталните случувања на македонската политичка сцена?
Не ги гледам, ги мижам кога насабајле стенкам на тоалетна шоља – ете како делуваат врз мене. Нормална личност се води од логика и принципи, кај нас тоа го нема. Можеш слободно да лажеш и тоа поминува затоа што медиумите кои се зад оној кој лаже едноставно му го одобруваат и бранат неговиот простап. Имавме тешка година на политичката сцена, следната ќе биде уште потешка во тоа сум убеден. Ќе има местенки – Катица веќе делува како да е недопирлива во вселената и јасно е дека ќе игра само за една страна, разговорите кои наводно постојат а се некаде околу 600 000 не ги предаваат иако стои по до договорот, тоа поминува и никому ништо. Треба и цел е да се ослаби вољата на народот, да се направи влада од сите партии за да се отвори патот за смена на името, идентитетот и федерализација на земјата. Но високомотивиран народ никој не го поразил, па и ние така, само треба да не се плашиме да гласаме по слободна воља, да бидеме ултрамасовни и да излеземе сите и да кажеме не да за оваа партија или онаа, туку за Македонија за нашава земја. Јас ја сакам Македонија во ЕУ и бидејќи ние сме Европа, но сакам јас да бидам таму со мое име и презиме, со мој идентитет, со достоинство, а не посрамен и понижен. Бидејќи ако ти се испоганат на глава и таков бербат те примат на прослава, ќе бидеш срам и подсмев и пак ќе јадеш од остатоците на асталот наместо да бидеш еднаков на трпезата.
Кои гости ќе ги гледаме во наредните месеци?
Појма немам, ад хок е кај мене, нема концепт. Веќе опозицијата и сороспиите имаат бојкот на мојата емисија, затоа што не прифаќам договорени прашања, но и се плашат од она што можам да ги прашам. А јас не менувам став за нивни потреби па така сум прогласен за нивни непријател. Инаку ќе има сè и сешто, сепак мојата емисија е забавна во основа која нема да бега од најкамерните и најтраорните теми кои нè очекуваат. Само немој да очекуваш оние цуцли спонзорушки кои со танга на шипка се умислуваат дека се културно уметнички работнички, со такви нема муабет, тоа да гостува може да има стриминг само на порнхаб.
Црквата, јазикот, името. Ќе издржиме ли?
Ниту еден високо мотивиран народ не е поразен. Вијетнам, Кореа, Куба, Палестина, Еврејскиот народ, Курдите, се денес живи и здрави и сеуште се борат и тоа по ровови, ги палат и гинат, а ние треба само да издржиме псхичка тортура и да гласаме. Ние имаме херои кои веќе ги положија своите животи за опстанок на Македонија, тоа се осуммината херои кои во Куманово спречија терористички напади пострашни од Париз. Така што Македонија е силна и јака, не е ова истата земја како во 2001 кога ја загуби војната.
Во каква Македонија би сакале да живееме по 10 години?
Уште послободна која ќе се обременува со филозофски и економски проблеми, а не егзистенцијални и локално политички. Се молам оваа земја никога повеќе да не живее во тоталитаризам, ни комунистички ни фашистички, луѓето да се охрабрат и бидат претприемачи, сами да креираат и создаваат, а не да чекаат од државата. Ме боли кога најразвиената земја во ЕУ – Холандија еден од главните економски двигатели им се одгледување и извоз на лалиња, цвеќе, кашкавал, топено сирење, фета, пиво … значи производи од земјата, земјоделие , огранска, еколошка, туризам, тоа е Македонија која ја сакам. Отворена и слободна од невладини и странски пари за креирање политика и поделби во општеството.
Што би порачале на читателите во овие бурни времиња?
Нашите издржале многу потешки времиња, ние не треба да сме во скривници, ровови, бункери, значи само треба да бидеме разумни, смирени и интелигентни и така ќе издржиме. Да гласаме слободно и без страв, да гласаме за МАКЕДОНИЈА. Сите да излезат, бидејќи ако не гласате некој може да го злоупотреби вашето гласачко ливче. А најмногу ќе си помогнеме и на себе и на другите ако бидеме успешни. Заработувајте, заработете, тезгарете, џабе работи – џабе не седи велат старите, тоа е поговорка која денес е анатемисана, а јас применувајќи цел живот и ден денес се одржувам и себе и фамилијата. Јас не работам само Јади Бурек, јас работам уште на 7 други места, помалку или повеќе успешно, ме исцрпува но ме исполнува, а на крајот и ми се исплатува. Мораме да бидеме фанатици во работата, постојано посветени, само така се успева, а ако успеваме лично, ќе ја спасиме и земјата. Бидете храбри и свесни, има Господ и покрај сите искушенија ќе ни даде рака и патоказ. Искрено верувам во тоа.
Извор: ЛОЗА ,Прашања – Никола РистевскиПовеќе од две децении се занимавате со новинарство, што ве инспирираше да започнете?
Во осумдесетите и 90-те бев диџеј нав