Интервју со Јасмина Дракул, долгогодишен моден дизајнер, кој некое време го немаше на модните писти но сега се враќа со нејзината нова колекција „Во полн сјај“ на модниот викенд во Скопје.Пулс 24: Која е Јасмина Дракул?
Јасмина Дракул е долгогодишен моден дизајнер. Сум имала доста проекти и релаизации на идеи, учествував на модни викенди. Мегутоа, секогаш преферирам делата да зборуваат за мене повеќе отколку јас самата.
Пулс24: Се броите помеѓу еден од најдобрите дизајнери во Македонија, кој е клучот на вашиот успех?
-Своја сум, се трудам и тоа да останам. Не сакам да бидам обична копија на светските брендови, имам свои замисли и одам кон својата цел. Оригиналоста е клучот на успехот. Оригиналноста и скромноста. Секогаш треба да оставаме простор за критика, простор за подобрување, не смееме да мислиме дека сме го допреле врвот.
Пулс24: Што мислите за модата во Македонија?
Модата во Македонија ја има онолку колку што може. Сепак, нашите стандарди на живеење си го прават своето. Верувам дека нашиот народ се труди да биде модерен, следе светски трендови, се обидува да изгради свој стил.
Пулс24: Што ве прави најгорди на професионален план?
– Најгорда сум кога ќе видам дека со мојата креација со направила некого среќен. Нема поубаво чувство од тоа.
Пулс24: Со каква колекција ќе се претставите на Модниот викенд?
– Ќе се претставам со многу елегантна колекција, во која убавината на жената ќе дојде до израз. Оставам простор секој да ја доживее колекцијата онака како сака.
Пулс24: Какви материјали ќе доминираат?
-Ќе доминираат природните материјали.
Пулс24: Сметате ли дека вреди да се биде дизајнер во Македонија?
-Вреди да се прави она што се сака и она за кое срцето чука секој ден. Се друго е неважно. Пулс 24: Која е Јасмина Дракул?
Јасмина Дракул е долгогодишен моден дизајнер. Сум имала доста проекти и релаизации на идеи