Интервју со Маја: Забава наоѓам на добро одбрано место…

Маја Ристевска е прекрасна млада девојка, која не остава никого рамнодушен.Маја Ристевска е прекрасна млада девојка, која не остава никого рамнодушен. Со својата убавина успеа да ги воодушеви сите во Македонија но и надвор од неа. Покрај тоа што има само 19 години, таа зад себе има многу ангажмани и прокети. Имено, таа веќе пет години е заштитно лице на модната агенција „МакМоделс“. Во продолжение може да прочитате што Маја открива за себе екслузивно за Пулс24. 
Доколку сакате да ја погледнете нејзината галерија тоа можете да го направите тука.
 
1. Како и зошто Маја реши да се занимава со манекенство?
Покрај желбата и амбициите од мали нозе, веќе претходно посетуван курс за манекенство на 12 годиниа, посериозно и активно почнав да се занимавам со манекенство на 15 годишна возраст. Веќе 5 години, заштитно лице и постојана соработка со мојата матична агенција МакМоделс.
 
2. Каде се си учествувала до сега и дали може да издвоиш најинтересно и најдраго учество (ангажман)?
Како за почеток и нешто достојно за паметење, моето прво појавување на писта на ревија во МОБ, а потоа на ревија одржана во „Дом на АРМ“, а во меѓувреме многу изработени едиторијали, каталози и насловни. Како посериозен проект ке го издвојам престојот во Фиренца пред 2 години, подготовките и учество на завршната ревија на „Accademia Italiana“. А негде на почетокот на оваа 2013 година, претстојот во Истанбул, проследен со огромно искуство и изработени ангажмани. Дел од мојата работа се и учествата 3 години по ред на ревиите на Fashion Weekend – Скопје, главната улога во спотот на последната песна на нашиот Тоше Проески и неколку рекламни кампањи, меѓу кои и последната за Boom TV.
 
3.Што сака да прави Маја во слободно време?
Слободнотот време е посветено на моите најблиски, како најпогодна релаксација и одмор за личност која што е зависна од присуството на своите пријатели околу себе. Па така, избегнувајќи ги гужвите и напнатоста низ градот, забава наоѓам на добро одбрано место зависно од расположението, можеби некој викенд во или надвор од државата, па дури и оние домашни забави ми претставуваат поголемо задоволство од се тоа што има да понуди Скопје.

4.Дали можеш да издвоиш омилена книга, филм и музика што ќе им ја препорачаш на нашите читатели?
Освен музиката како моја секојдневна потреба, па така и филмовите и по некоја добра серија станаа дел од моето секојдневите. Gerard Butler,Denzel Washington,Morgan Freeman,Tom Hardy,Mila Jovovich и уште неколку….Не би издвоила ништо како препорака, нема промашување во ниту еден изгледан филм од веќе набројаните.
5. Какви се плановите за во иднина на Маја?
Од мојот последен проект, рекламата за Boom, па се до крајот на месецов, заслужено се одморив и јас и луѓето кои што често ме гледаа низ медиуми и весници J. Па така, без форсирања и некои претходно скорени планови, од септември продолжувам со моите обврски како инструкторка за часовите по манекенство и фотомоделство во мојата агенција и изработка на секој иден ангажман или проект. Засега отпаѓа било каков план за надвор од границиве, поради мои приватни обврски на кои што сум посветена.
 Маја Ристевска е прекрасна млада девојка, која не остава никого рамнодушен. Со својата убавина успеа да ги воодушеви сите во Македонија но и надвор

Пронајдете не на следниве мрежи: